Почетна » Новости » Актуелно » Свесни за важноста на детската игра и социјализацијата, Скопје Сити Мол инвестира во иднината преку создавање простор кој обединува и зближува

Свесни за важноста на детската игра и социјализацијата, Скопје Сити Мол инвестира во иднината преку создавање простор кој обединува и зближува

Кога ќе се спомне игралиште, првата асоцијација ни е детски џагор, но овие локации како место за собирање се витален дел од урбанистичкото планирање во градовите и важен елемент во развојот на децата. Имајќи го ова предвид, а водени од грижата за посетителите и доброто на новите генерации, Скопје Сити Мол на Карпошани и на цело Скопје подарија ново урбано катче во чиј составен дел се поставени и детски реквизити.

Детско катче од Скопје Сити Мол

Иако детските игралишта можеби изгледаат само како простор за забава, тие нудат многу придобивки за децата.

Зошто игралиштата се важни?

Покрај физичката благосостојба, игралиштата можат да обезбедат основни искуства и развој за децата во области како што се социјални вештини, креативност, решавање проблеми, расудување и многу повеќе. Учењето преку игра е составен дел од растењето. Придобивките што може да ги обезбеди едноставното одење до најблискиот парк или игралиште се често подлабоки и посеопфатни од оние што можат да ги обезбедат дури и најсофистицираните современи технологии засновани на настава.

За да поттикне враќање назад на дружбите и „оттргнување“ на децата од пред екраните, Скопје Сити Мол креираше ново омилено катче за сите генерации. Во рамки на овој парк, поставени се и соодветни реквизити за детска игра, наменети за децата на возраст од две, па сѐ до 14 години. Една од главните реквизити во ова катче е големата „ДНК Кула“, која всушност преставува кула креирана од тродимензионална мрежа за искачување поставена на надворешни челични скелети. Самото име говори за нејзиниот облик, а истата е изработена од заоблени и прави метални цевки, правејќи ја цврста и стабилна.

Кој е всушност бенефитот од детската игра на оваа реквизита?

„ДНК кулата“ поставена во паркот пред Скопје Сити Мол, со тродимензионална мрежа за качување, обезбедува совршен простор за стекнување искуство за сопствената проценка на ризик во безбедна средина. Иако на почеток можеби изгледа опасно, кога ќе погледнете низ мрежите одозгора, токму тоа го прави ризикот видлив за корисникот и му дозволува свесно да се однесува на повнимателен начин, потенцираат од компанијата „Berliner Seilfabrik“ од Германија, производител на овие реквизити.

Детско катче од Скопје Сити Мол

Истражувањата кои се однесуваат на детската игра сугерираат дека ризичната игра може дури и да заштити од анксиозни нарушувања. Професор Гордон Бургард од Универзитетот во Тенеси, во оваа насока изјавил дека: „Ако ги заштитиме децата од секоја замислива опасност, тие стануваат помалку отпорни и не знаат како да си помогнат“.

Замислете дете кое се искачува на „ДНК“ кулата во рамки на новото катче пред Скопје Сити Мол. За да ја изврши оваа активност, треба да користи моторни вештини за да се префрли од едно јаже на друго. Исто така, потребна е координација рака-око за да знаат кога да се фатат за јажињата. Овие вештини бараат и расудување. Кога детето ќе се приближи до реквизитите во игралиштето, треба да размисли - иако можеби само моментално - како ќе стигне од почетокот до крајот на одредена реквизита. Иако ова за возрасен човек може да изгледа тривијално, сите овие вештини се користат во секојдневниот живот, во многу капацитети. Поминувајќи време на детско игралиште, децата ги учат овие различни вештини, ги тестираат со различна опрема и секојдневно ги зајакнуваат.

Децата може да се искачат на кулата преку конструкцијата за качување - тродимензионална мрежа направена од јажиња во внатрешноста на кулата. На овој начин, можат да ја променат својата перспектива гледајќи го „светот“ одозгора. Во исто време, проѕирната структура овозможува постојан контакт со очите со родителите кои се „на земја“. Од гледна точка на родителите, ова овозможува лесен надзор. Дополнително, кулата овозможува заедничко користење од страна на повеќе деца. Играњето заедно на една реквизита ја промовира социјалната интеракција меѓу децата. Преку интерактивна игра тие развиваат социјални вештини, учат да покажуваат внимание еден кон друг или да си помагаат. Токму тоа е намерата на целокупниот концепт: место на средба.

Покрај бројните можности за физичка активност и рекреација, кои се корисни за децата на различни нивоа, пресуден за изборот на опремата бил и дизајнот. „При изборот на опрема, важно ни беше истата да ги покани децата на различни креативни интерпретации во слободна игра. Токму ова го пронајдовме кај апстрактниот облик на 'ДНК кулата', во комбинација со останатите реквизити поставени во просторот. На овој начин, покрај физичката активност, децата во паркот ќе може да ја развиваат креативноста 'претворајќи' ја кулата соодветно на нивната игра - некогаш замок и кула за набљудување, некогаш пиратски брод, или пак вселенски шатл. Можностите, благодарение на детската имагинација, се бескрајни. Токму и ова беше одлучувачкиот фактор - на децата да им се овозможи да развијат свои идеи за игра“ – изјави Дамјан Корубин, Маркетинг Менаџер во Скопје Сити Мол.

Во паркот, покрај „ДНК кулата“, може да се пронајдат уште неколку реквизити, како „змија низ пејзаж” или твистер патека, пикадили вртелешка, лулашка и лизгалка. За целокупното доживување да е пријатно за сите посетители, ова урбано катче е надополнето со зеленило и цвеќиња, како и урбана опрема и летна тераса за организација на помали настани. Новиот парк кај Скопје Сити Мол дефинитивно претставува уникатно место за средби и дружење со препознатлив карактер, скроено по мера за жителите на Карпош, но и пошироко, за цело Скопје.

Детско катче од Скопје Сити Мол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.