Почетна » Новости » Актуелно » „Само сакав да ја гушнам“: Новак Ѓоковиќ сподели дека малата Тара му давала сила во финалето на УС Опен

„Само сакав да ја гушнам“: Новак Ѓоковиќ сподели дека малата Тара му давала сила во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ откри што е она што му давало сила да издржи во најтешките моменти во финалето на УС Опен. Тоа била малата ќеркичка Тара, која постојано му се смешкала и го поздравувала од публиката.

По големата победа и освојувањето на неговиот 24-ти Грен слем, српскиот тениски ас со солзи во очите ја прегрна Тара, а фотографиите од тој момент растопија многу срца низ светот.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Подоцна, Новак изјави дека 6-годишната ќерка му помогнала да го издржи мечот.

„Следното нешто што сакав да го направам е да ја гушнам ќерка ми. Таа е мојот ангел-чувар, моето бебе, мојата душа. Не знаев дека таа ќе седи таму, па кога дојдов на теренот, ја видов. Беше свртена кон мене додека седев на клупата и ми се смешкаше.“

„Секојпат кога ми требаше охрабрување, таа беше таму, ќе ми покажеше тупаница, ќе ми се насмевнеше и ќе ме растопеше...“

„Секојпат кога ми требаше таа невина детска енергија, ја добивав од неа. Кога поминував низ многу стресни моменти, кога ми беше потребна малку сила и некоја врста на светлина, таа ќе ми се насмевнеше...“

„Кога станав татко, една од моите желби беше да го доживеам денот кога ќе освојам Грен слем пред децата, а тие да бидат доволно возрасни да сфатат што се случува. Благослов е што тоа се случи двапати оваа година – во Париз и тука во САД“ – рече Ноле пред новинарите во неколку интервјуа во САД.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.