Почетна » Новости » Актуелно » „Прости ни, не знаеме како да се поздравиме“: Наставниците и соучениците на Вања со тажна порака по нејзиното убиство

„Прости ни, не знаеме како да се поздравиме“: Наставниците и соучениците на Вања со тажна порака по нејзиното убиство

Македонија е обвиена во тага и неверување по веста за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Целата македонска јавност со денови се надеваше дека девојчето ќе биде пронајдено живо, но за жал, тоа не се случи.

Наставниците и соучениците со претажна порака се збогуваат со Вања преку Facebook профилот на општинското основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ во кое таа учеше.

Вања Ѓорчевска

Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.

Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме...

Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.

Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!

Вања исчезна рано наутро минатиот понеделник кога одеше кон училиштето, а нејзиното тело беше пронајдено вчера. Тројца од осомничените за нејзиното убиство се во притвор, а еден е во бегство. Во полициската станица беше повикан и таткото на Вања.

Вања Ѓорчевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.