Британското кралско семејство присуствуваше на празничен концерт во Вестминстерската опатија.
На специјалниот божиќен настан, принцезата Кетрин и принцот Вилијам беа придружувани од нивните три деца.


10-годишниот Џорџ, 8-годишната Шарлот и 5-годишниот Луи најпрво испратија новогодишни честитки до други деца во малото црвено сандаче, а потоа зачекорија заедно со родителите кон влезот.







Принцот Луи се пошегува со својата сестра Шарлот, дувајќи ѝ ја свеќата која ја држеше во раката.







Кетрин шармираше во бела модна комбинација со палто од брендот Savile Row.






Следниот ден, Кетрин и Вилијам ја објавија нивната божиќна честитка со семеен портрет со трите деца.
