Почетна » Новости » Актуелно » Пилот кој бил на одмор на Мауи помогна 330 луѓе безбедно да се вратат дома за време на пожарите

Пилот кој бил на одмор на Мауи помогна 330 луѓе безбедно да се вратат дома за време на пожарите

Кога пилотот Винс Екелкамп заминал на семеен одмор на Хаваи, не можел ни да замисли дека една недела подоцна ќе го управува авионот до дома.

Поради недостиг на пилоти, додека пожарите беснееле на островот Мауи, Винс волонтирал да го управува леталото и вратил 330 лица безбедно дома.

„Ова е трагедија. Со кого и да зборуваш, особено со локалните жители, ќе ти раскажат многу тажни приказни“ – рекол тој.

Винс Екелкамп

Винс и неговото семејство отишле на аеродромот на Мауи на 8 август, кога настанал хаос со откажани летови и тие заглавиле таму.

„На денот кога заминувавме, ветерот беше ужасен“ – раскажал Винс и додал дека силните ветришта ја прекинале струјата на островот.

Винс Екелкамп

Стјуардесите од Мауи не можеле да стигнат навреме за летовите, а авионските компании не можеле да ги лоцираат поради проблеми со телефонските линии.

„Сè беше во хаос поради пожарите... Ако не бев таму, летот ќе беше одложен. Случајно се најдов на вистинското место, во вистинското време и можев да го направам правилното нешто“ – рекол тој.

Винс го управувал авионот во кратки панталони, поло маица и патики за тенис. Тој сега се шегува дека патниците се чуделе кој е тој додека ги поздравувал на крајот од летот.

Винс Екелкамп

Шумските пожари на островот започнаа на 8 август и во нив досега загинаа 111 лица, вклучително и деца, пред сè во историскиот град Лахаина. Се очекува бројот на жртвите да порасне.

Винс Екелкамп Винс Екелкамп Винс Екелкамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.