Почетна » Новости » Актуелно » Официјално: Полициски час нема да има за Велигден и Рамазан, се отвораат летните бавчи на кафулињата и рестораните

Официјално: Полициски час нема да има за Велигден и Рамазан, се отвораат летните бавчи на кафулињата и рестораните

Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден.

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот по што треба да бидат затворени за посетители.

Кафуле

Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува.

Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и досега.

Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните Протоколот за отворање и работа на кафетериите, Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од КОВИД-19.

Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.

„Мерките кои досега беа реализирани дадоа резултат, за сега верските празници да може да се одбележат поспокојно и без притисок. Сепак, ова значи дека е исклучително битно во текот на празниците да се почитуваат предвидените протоколи, со исклучителна претпазливост, да се одржува дистанца, да се носи маска и да нема групурања, вклучително и тоа да присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30 процентна исполнетост на капацитетот“ – порача министерот Венко Филипче по вчерашниот состанок со поглаварите на верските заедници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.