Почетна » Новости » Актуелно » Нови филмови и серии кои треба да ги погледнете месецов

Нови филмови и серии кои треба да ги погледнете месецов

SkyShowtime

Тешко ви е да најдете инспирација што да гледате периодов? Без гајле, ние направивме селекција од најинтересните и најновите наслови на филмови и серии кои стануваат достапни преку стриминг платформата SkyShowtime веќе од следниот месец. Значи, опуштете се, опремете се со доволно грицки и тргнуваме!

Добредојдовте во Коста дел Криминал!

Новата крими серија „A Town Called Malice“ ја раскажува семејната сага на Лордовите во раните 80-ти, кога оваа лоза на екс-ганстери од Јужен Лондон падна на дното на криминалниот синџир на исхрана и не се среќни поради тоа. По една неизбежна пресметка, тие бегаат во шпанскиот град Коста дел Криминал, со мисија да ја обноват нивната поранешна слава. Во главните улоги се појавуваат Марта Пимплтон, Елиза Батерворт, Џек Роуан и култниот британски актер Џејсон Флеминг. Првите три епизоди од серијата ќе бидат достапни на стриминг платформата SkyShowtime од 12 мај, а нови епизоди ќе се објавуваат секоја следна недела.

SkyShowtime

Ако ви здодеа од стотиците британски и американски серии продуцирани во последните години, SkyShowtime има одлична идеја за вас. Дајте шанса на некоја од новите серии од европска продукција, како што се чешката „Czech it Out“ или германската „Hackerville“ – двете од нив жанровски многу различни, но секоја со доволно интересна содржина за да ви го задржи вниманието.

Дознајте ги опасностите од сајберкриминалот со „Hackerville“

Кога трагите за еден хакерски напад на голема германска банка ќе водат до Романија, експертката за БКА за сајберкриминал Лиза Мец (Ана Шумахер) ја испраќаат од Франкфурт во Темишвар, нејзиниот роден град, за да работи со локалните истражувачи. Пристигнувајќи во земјата која ја напуштиле нејзините родители кога била мала, Лиза открива дека истовремено ѝ е далечно позната и крајно туѓа. За првпат во животот, мора да се соочи и со мрачното минато на своето семејство...

Премиера на кулинарската серија Czech it Out!

Познатиот љубител на храна Лукаш Хејлик и неговата ќерка тинејџерка Клара Хејликова тргнуваат во уникатна авантура низ Чешка, за да ја откријат сета храна, култура и форма на забава која ја нуди нивната земја. Тие заедно ја истражуваат Моравија, Бохемија и другите прекрасни краишта од Чешка и ве покануваат и вие да ја проучите оваа европска земја заедно со нив.

SkyShowtime

„Vengeance“: Еден подкаст, убиство и многу интрига

Иако многумина го препознаваат по комичната улога во серијата „The Office“, овојпат Би Џеј Новак се враќа во улога на сценарист, режисер и актер во неговото дебитантско авторско остварување „Vengeance“. Филмот ја раскажува приказната за новинар кој има сопствен подкаст и тргнува од Њујорк во Тексас за да го истражи убиството на девојка со која некогаш бил заедно. Покрај Би Џеј Новак, дел од актерската екипа се и Иса Реј, Ештон Качер, Џеј Смит-Камерон и Дав Камерон, а овој филм можете да го погледнете на стриминг платформата SkyShowtime веќе од следниот месец.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.