Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 25 нови случаи, 8 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

Нова состојба: 25 нови случаи, 8 оздравени и 3 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство ги објави резултатите од тестирањата во изминатите 24 часа. На територијата на нашата држава се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19.

Новозаразените лица се од Скопје (16), Тетово (4), Струга (1), Велес (2) и Охрид (2).

Бројот на оздравени исто така порасна за 8 од кои 7 лица се од Скопје и едно од Прилеп. Коронавирус

Тажна вест е што починаа уште 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања.

Коронавирус

Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, во рамките на скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe. Потврден е само еден позитивен на КОВИД-19 во Битола, каде се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.