Почетна » Новости » Актуелно » „Не за насилството“, „Стоп за фемицидот“: Моќни пораки на протестот во Сараево по грозоморното убиство

„Не за насилството“, „Стоп за фемицидот“: Моќни пораки на протестот во Сараево по грозоморното убиство

Смртта на Низама Хеќимовиќ од Босна и Херцеговина стана симбол на револуција. Илјадници луѓе се собраа на протест во Сараево за да се борат против насилството врз жените, откако младата мајка беше брутално претепана и убиена од невенчаниот сопруг.

Нермин Сулејмановиќ ја усмрти Низама пред очите на 9-месечната ќерка, а сето тоа го пренесуваше во живо на Instagram.

Иако Низама неколку дена претходно го пријави Нермин за насилство, институциите не презедоа соодветни мерки за спречување на нов напад.

Нермин усмрти уште двајца, а рани три лица, по што се самоуби.

„Стоп за фемицидот“, „Не за насилството“, „Нас секој ден со вас ни е ден на жалост“, „Оваа Барби сака да го запре фемицидот“, „Молчењето е одобрување“... Моќни пораки беа напишани на впечатливите транспаренти низ сараевските улици.

Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените Протест против насилството врз жените

Собирот започна со обраќање на градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, која пред граѓаните изнесе барања за подобрување на институционалната борба против насилството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.