Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: Дури 52 новозаболени, 30 оздравени и 4 починати од коронавирус

Најнови податоци: Дури 52 новозаболени, 30 оздравени и 4 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се регистрирани 52 нови лица заразени со коронавирусот.

Според местото на живеење, новозаразените се од Скопје (26), Куманово (6), Штип (7), Тетово (9), Струга (2), Велес (1) и Кочани (1).

Коронавирус

Во изминатите 24 часа, направен е 661 тест со кој се покажало дека имаме и 30 излечени пациенти.

За жал и бројката на починати расте. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти -позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Прес на Венко Филипче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.