Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 26 нови заболени со коронавирус и 7-ми смртен случај

Најнова состојба: 26 нови заболени со коронавирус и 7-ми смртен случај

Во изминатото деноноќие, потврдени се 26 нови случаи на коронавирус во земјата.

Според податоците кои ги објави министерот Венко Филипче, вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во Македонија сега изнесува 285.

Коронавирусот ја зеде и 7-мата жртва кај нас. Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 79-годишен пациент од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на КОВИД-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на КОВИД-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома. Досега има вкупно 12 излечени во земјата.

Целосен преглед за состојбата по градови ќе објават од Министерството дополнително, бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се сè уште во тек.

коронавирус

Во пораката на Филипче стои: „Министерството за здравство прави огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известува јавноста и да комуницира со медиумите. Со оглед на зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека од утре 31 март, ИЈЗ ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот за што Министерството за здравство веднаш ќе испрати информација до медиумите.“

„Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите.“

„Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.“

„Сепак, замолуваме за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговараме. Тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите, се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ни ги достават бараните информации.“

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, преку Facebook информираше: „Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни 5 вработени во полицијата, додека во Полициската станица "Петровец" постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.