Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 23 новозаболени, 9 оздравени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Најнова состојба: 23 новозаболени, 9 оздравени и 1 смртен случај од коронавирус кај нас

Министерството за здравство во најновото соопштение објави дека има 23 нови случаи на коронавирус во земјава.

Најновите заболени лица се од: Скопје (12), Куманово (4), Тетово (4), Прилеп (2) и Неготино (1).

Во изминатите 24 часа, направени се 702 тестови и потврдени се 9 нови оздравени пациенти. Од вкупниот број направени тестови, во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот и не се откриени позитивни на КОВИД-19.

Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на КОВИД-19, а потврден позитивен денеска.

коронавирус

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.