Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 118 новозаразени, 74 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Најнова состојба: 118 новозаразени, 74 оздравени и 4 починати од коронавирус во Македонија

Повторно троцифрен раст на бројот на заболени од КОВИД-19 во нашата држава. Министерството за здравство извести дека во изминатите 24 часа направени се 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 новозаболени.

Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:

  • Скопје - 55
  • Куманово - 9
  • Дебар - 1
  • Штип - 1
  • Прилеп - 4
  • Тетово - 20
  • Струга - 2
  • Велес - 2
  • Битола - 1
  • Охрид - 9
  • Гостивар - 4
  • Струмица - 2
  • Гевгелија - 1
  • Кичево - 1
  • Свети Николе - 1
  • Ресен - 5
Податоци

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје: пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

  • Скопје 37
  • Штип 3
  • Прилеп 5
  • Тетово 24
  • Велес 1
  • Гостивар 4

Досега во земјата се направени вкупно 53.248 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.