Почетна » Новости » Актуелно » „Многу мајки не се свесни дека ја имаат“: Психологот Елена Џебр одговара на прашања за постпородилната депресија

„Многу мајки не се свесни дека ја имаат“: Психологот Елена Џебр одговара на прашања за постпородилната депресија

По веста дека родилка се обиде да си го одземе животот на Клиника во Скопје, психологот Елена Џебр одлучи да одговори на сите прашања кои ги доби за постпородилната депресија.

Таа потенцира дека многу мајки не се свесни дека имаат депресија и дека истата може да се развие во различен степен кај различни индивидуи. Многу често, депресијата е видлива откако ќе остави последици на партнерството, односот со детето или кога ќе влијае врз функционирањето на целото семејство.

Елена вели дека депресијата најчесто станува видлива 3-4 месеци по породувањето, пикот го достигнува 6-9 месеци по породувањето и најчесто трае подолго од еден месец.

Македонскиот психолог потенцира дека депресијата е различна состојба од постпородилна тага и дека многу често може да се помешаат. Постпородилната тага трае три недели по породувањето и прекинува, но доколку трае подолго, тогаш можеби станува збор за депресија.

Погледнете го целосното видео во кое Џебр детално објаснува симптоми за постпородилната депресија и одговара на повеќе од 30 прашања:

Елена Џебр е дипломиран психолог кој им помага на луѓето да работат на својот личен развој и да се сакаат себеси.

„Не верувам во брзи решенија, кога станува збор за личен раст и развој, но верувам во моќта на секојдневните мали чекори кои ги правиме кои нè водат кон подобро и поквалитетно живеење, љубов према себе, верба во себе, почитување, самодоверба, градење на подобри граници и подобрување на односите со другите“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.