Почетна » Новости » Актуелно » Мистеријата е решена, откриен е вкусот на WhatTheFanta

Мистеријата е решена, откриен е вкусот на WhatTheFanta

Мистеријата е решена – вкусот што се криеше зад прашалникот на виолетовата „Фанта“, по кој љубителите на овој пијалак трагаа цело лето, е чизкејк со јагода.

WhatTheFanta тимот, составен од Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Маја Кикириткова и Весна Петрушевска-Бејби, со поддршка на публиката што беше присутна на Школка во Градскиот парк во Скопје, конечно стигна до моментот на вистината.

Потрагата почна на почетокот на летото, од виолетова виљушка. Следуваа виолетова шпатула за торта, семе од јагоди, виолетов миксер и балони кои тимот го одведоа до клучниот збор „сирење“. По два месеци следење насоки и откривање траги, Фанта-тимот успеа да ја реши загатката.

WhatTheFanta

Последната задача за „ловците на вкусови“ беше да пронајдат уште една картичка на која пишуваше „Реши загатка“, а која беше скриена во кујната во која Весна Бејби експериментираше цело лето. Иста таква картичка беше скриена во паркот и по неа трагаше публиката што беше присутна на Школка. Најдосетливиот пронаоѓач им се придружи на сцената на Весна, Иван, Кике и Маја и заедно ја решија загатката.

WhatTheFanta

Претходно присутните имаа можност да извлечат од различните Фанта-картички и да ги разменуваат за сладолед или за подароци.

WhatTheFanta WhatTheFanta WhatTheFanta WhatTheFanta

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.