Почетна » Новости » Актуелно » Мајката на Вања за првпат се огласи по убиството: „Не сфаќам зошто мојата преубава девојка е сега во гроб“

Мајката на Вања за првпат се огласи по убиството: „Не сфаќам зошто мојата преубава девојка е сега во гроб“

Зорица Ѓорчевска со тешко срце за првпат проговори по убиството на нејзината ќерка Вања.

Мајката на 14-годишното девојче, кое настрада од рацете на монструозната група мажи, за српскиот медиум „Република“ изјави дека едвај зборува и дека сè уште се прашува зошто нејзиното невино дете не е повеќе со нас.

Зорица Ѓорчевска

„Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол.“

„Не можам да сфатам како и зошто моето преубаво девојче е во гроб. Јас имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознам вистината, а другата ќерка моментално е болна. Сите се надеваме дека ќе биде добро“ – рекла Зорица и дополнила дека не знае зошто се случило ова, бидејќи со таткото биле во добри односи за доброто на децата.

Ѓорчевска објаснила дека со таткото на Вања биле разделени пет години, но никогаш не се расправале околу старателството и воспитувањето на децата.

Ужалената мајка вели да се почека истрагата пред да се носат какви и да било заклучоци.

ИЗВОР: Republika.rs

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11263 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.