Почетна » Новости » Актуелно » Македонската прва дама се сретна со Натали Портман, зборуваа за насилството врз жените и девојките

Македонската прва дама се сретна со Натали Портман, зборуваа за насилството врз жените и девојките

Елизабета Ѓоргиевска се сретна со холивудската ѕвезда Натали Портман на Самитот за Целите за одржлив развој при Генералното Собрание на ОН.

Како учесник во иницијативата „Спотлајт“ (Spotlight), нашата прва дама разговараше со славната актерка и застапничка за елиминирање на насилството врз жените и девојките, која посветува голем дел од своето време за поддршка на оваа кауза.

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски сподели фотографии од настанот.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

„Мора да се стави крај на насилството врз жените, со кое на милиони жени и девојки практично им се негираат основните човекови права и можноста активно да придонесуваат во општеството и заедницата.“

„Глобално, една од три жени е жртва на насилство, а во проценките на иницијативата, до 2025 година, дневно животите на најмалку две жени и девојки би биле спасени. Ваквите негативни трендови не изостануваат ни во Република Северна Македонија. Затоа, потребно е многу повеќе работа и дела наместо реторика.“

„Целта на 'Спотлајт' иницијативата до 2030 година е да превенира насилство за повеќе од 70 милиони жени, да помогне на над 15 милиони девојки да останат во училиште и дополнителни 30 милиони девојки да се вклучат во образовниот процес“ – напиша Ѓоргиевска.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Портман одржа моќен говор.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.