Почетна » Новости » Актуелно » Магијата на Ориентот: Егзотично патување на сетилата низ сензуалните и заводливи ноти на ориенталните парфеми

Магијата на Ориентот: Егзотично патување на сетилата низ сензуалните и заводливи ноти на ориенталните парфеми

Ориенталните парфеми имаат моќ да ни ги однесат сетилата на импресивно патување во сензуалниот и мистичен свет на луксуз и елеганција. Инспирирани од Истокот, овие мириси се издвојуваат по специфичните ноти и најквалитетни парфемски состојки на светот – уд, мошус, ветивер, сандалово дрво, амбер...

Незаборавните егзотични мириси кои ве обвиваат со својата арома, се препознатливи по својата извонредна долготрајност, даваат чувство на топлина, ја зголемуваат самодовербата и најмногу од сè – ве издвојуваат од толпата. Наменети се за жени и мажи кои сакаат да се истакнат со препознатливи мириси, нагласувајќи ја нивната сензуалност. Џенифер Лопез во неколку свои интервјуа открива дека обожава да користи ориентални парфеми со ноти на јасмин и мошус, додека Ким Кардашијан, Ријана, Анџелина Џоли и Шакира веќе биле амбасадори на ориентални парфемски брендови.

Ориентални парфеми

Ориенталните мириси се прилагодуваат на различни прилики – идеални се за носење на работа или при вечерни излегувања, а во исто време се доволно јаки и долготрајни да останат на кожата во текот на целиот ден.

Нивна посебна специфичност е што може да се комбинираат со други парфеми, оставајќи простор сами да креирате мирис од соништата.

Постојат неколку фактори кои ги прават овие парфеми долготрајни и неодоливи:

Ориенталните парфеми содржат состојки како мошус, пачули, ванила, уд и амбер кои се познати по нивната долготрајност на кожата и проекција на мирисот подолго време. Покрај тоа, лесно се прилагодуваат на pH на кожата, особено кај онаа со поголема pH вредност. Тие се високо концентрирани, содржат поголема количина на мирисни масла и затоа најчесто се нанесуваат во помали количини од останатите парфеми.

Иако за ориенталните парфеми постои мислење дека се скапи, тоа сепак не е правило. Ви ги претставуваме брендовите Armaf, Lattafa, Swiss Arabian и Al Haramain кои се достапни кај нас и може да се најдат по пристојни цени, а притоа го зачувуваат високиот квалитет и препознатливоста.

Armaf

Armaf парфемите кои ќе ги обожавате претставуваат модерни, стилски и инспиративни мириси за мажи и жени.

Armaf Club De Nuit Woman Eau de Parfum е опоен и нежен мирис за жени кои се чувствуваат удобно во својата кожа. Мирисот претставува сјајна свежина со цитрусни акорди кои се комбинираат со цветно-овошни ноти на роза, јасмин и личи. Се отвара со горните ноти на бергамот, грејпфрут, праска и портокал, додека на средината нежно преоѓа кон средните ноти на гераниум, јасмин, личи и роза. Долните ноти се ветивер, пачули и мошус. Идеален за дневни излегувања или на работа.

Ориентални парфеми

Armaf Club de Nuit Intense Man Eau de Toilette е провокативен, дрвенест, долготраен, зачинет мирис за мажи кој е претставен во 2015 година. Свежината се чувствува преку горните ноти на лимон, црна рибизла, бергамот и ананас, кои на средината се мешаат со ноти роза, јасмин и бреза, а основата ја чинат ванила, мошус, амбер и пачули.

Ориентални парфеми

Armaf парфемите може да ги најдете во Cosmo парфимерија, DM drogerie и Schatze парфимерија.

Lattafa

Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е новитетот кој ќе ја обележи оваа сезона.

Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е луксузен ориентално-зачинет унисекс парфем кој ги комбинира скапоцените зачини, топлината на дрвенестите ноти и мекоста на ванилата. Горната нота е цитрусната свежина на бергамот врамена со топлиот, кадифен зачин на цимет и рафинираната жалфија. Срцето на парфемот пулсира со прекрасниот кремаст мирис на пралина, топејќи се во миризлива магија од слатки овошни ноти и туберозни цветни нијанси. Како долни ноти се чувствува раскошна ароматична патека, која ја спојува сензуалната сладост на ванилата со зачинети скапоцени дрва, сладок чаден уд, зачадена ароматична смирна, зачинета тонка и смолести бензоин од ванила, кои нежно треперат во зракот.

Ориентални парфеми

Lattafa Ajwad Eau de Parfum Unisex е природен сладок парфем во спреј исполнет со арома на амбер, роза и сандаловина. Овој слаткаст мирис на ванила кој е карамелизиран со многу овошје и кедрово дрво ќе ве освои при првата средба.

Ориентални парфеми

Од брендот Lattafa ни доаѓа уште еден сензуален мирис наменет за жени и мажи Ana Abiyedh Eau De Parfum Unisex. Како горни ноти на овој мирис се чувствуваат белиот мошус и масло од киприол кои на средината се мешаат со ванила, шафран и кардамон. Долните ноти се зрно тонка и гуајак дрво.

Ориентални парфеми

Swiss Arabian Gharaam Eau de Parfum Unisex е ароматичен, романтичен дрвенест мирис кој ги грее срцата подеднакво кај жените и мажите. Мирисот ве води на неодолива патека низ нотите на јасмин и шафран (еден од најретките зачини), кои патуваат кон прегратката во срцевината на препознатливиот амбер. Патувањето продолжува кон чистата вљубеност низ нотите на кедар и ела.

Ориентални парфеми

Al Haramain L’Aventure Мan Eau de Parfum е специфичен мажествен мирис кој ја нагласува самодовербата. Цветно дрвенест мирис со горни ноти на лимон, бергамот и елеми, полека преоѓајќи кон средината на дрвенести ноти, јасмин и момина солза. Потоа, доаѓаат на сцената идеалните мошус, пачули и амбер како долни ноти.

Ориентални парфеми

Al Haramain L`Aventure Femme Eau de Parfum е наменет за жени со авантуристички дух. Тие знаат што сакаат и нивниот избор е секогаш најдоброто за нив. Мирисот се отвара со свежина на цитрус од бергамот, ананас и бобинки. Мирисната хармонија се движи кон ноти на роза, фрезија и кедрово дрво. Сензацијата продолжува кон основата од сандалово дрво, пачули, амбер и мошус.

Ориентални парфеми

Парфемите Swiss Arabian, Lattafa и Al Haramain може да ги најдете ексклузивно во парфимериите Schatze.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.