Почетна » Новости » Актуелно » Кој е милионерот кој му грабна капа на дете на УС Опен и кого го осудува цел свет?

Кој е милионерот кој му грабна капа на дете на УС Опен и кого го осудува цел свет?

Деновиве сцена од УС Опен го обиколи светот, а еден полски милионер стана мета на потсмев од сите.

Бизнисменот Пјотр Шчерек беше фатен на камера како без срам му ја грабнува капата на мал фан, која требаше да биде подарок од познатиот тенисер Камил Мајхшак. Постапката предизвика негативни реакции, а Шчерек стана „најомразениот човек на интернет“.

Пјотр Шчерек

На видеото кое стана вирално за неколку часа, се гледа како Шчерек, возбуден по победата на Мајхшак, му ја зема капата од раце на изненаденото момче, кое стоеше во првиот ред. Интернет корисниците веднаш го осудија гестот, нарекувајќи го „одвратен и егоистичен“.

Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек

Daily Mail откри дека Пјотр е сопственик на компанијата Drogbruk и живее со сопругата Ана и нивните два сина во историско полско село кое локалното население го нарекува „селото на милионерите“. Неговиот луксузен имот вреди приближно 406.000 фунти и располага со приватно езеро и тениско игралиште во дворот.

Интересно е што само 40 километри од нивниот дом се наоѓа тениски клуб во сопственост на Шчерек и неговата сопруга, „Calisia Tenis Pro“.

Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек

По неколку дена притисок од јавноста, Пјотр се извини и рече дека направил „огромна грешка“.

„Би сакал да се извинам на момчето, неговото семејство, сите фанови и самиот тенисер. Направив огромна грешка“.

„Емотивно, во навивачката еуфорија, бев убеден дека тенисерот ја подава капата кон мене – за моите синови кои претходно бараа автограм. Но, денес знам дека изгледаше како да одземам нешто од дете“ – рекол тој.

Пјотр Шчерек

По инцидентот, тенисерот Мајхшак го пронашол момчето и му дал друга капа.

Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек Пјотр Шчерек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.