Почетна » Новости » Актуелно » Караванот УРБАН стил на Бела ноќ во Битола

Караванот УРБАН стил на Бела ноќ во Битола

Светла облека, ведри лица, желба за забава... Белата ноќ ја раздвижи Битола, а во центарот на забавата пристигна и караванот на Државна лотарија со ново изненадување за фановите на игри на среќа.

Атрактивната Марјана Станојковска заедно со битолскиот пејач Дарко Гроздановски и кумановската убавица Илариа Кирилов привлекоа големо внимание во срцето на Широк Сокак и им го претставија на посетителите на штандот лозот УРБАН стил.

Урбан стил Урбан стил

Популарната водителка појасни: „Во тек е промоцијата на Државна лотарија за најновиот инстант лоз наречен Урбан стил. Тоа е лоз кој во својата понуда има дури 100 електрични мотори, како и парични добивки. Играта е навистина многу интересна. Во деветте полиња за гребење потребно е да се најдат три исти симболи за да се освои еден од стоте електрични мотори, или пак, три исти износи за парична добивка до 10.000 денари.“

Станува збор за два модела електрични мотори со слични перформанси, кои се идеален одговор за подобрување на стилот на живеење, но и решение за загадувањето, за градската бучава и градскиот метеж, како и за намалување на буџетот за превоз.

Добитниците ќе имаат безбеден и бесшумен превоз, нема да ја загадуваат околината, а полнењето со електрична енергија ќе можат да го прават дома или каде било каде што го полнат и мобилниот телефон.

„Ги возевме и моторите, јас првпат се качував и многу лесно одеше. И некој што нема искуство, ќе може лесно да го вози“ – рече Марјана.

Градот на конзулите беше првата дестинација од новиот караван на среќата. „Би кажала дека оваа урбана приказна ја започнуваме токму од Битола како еден од посреќните градови кога се во прашање игрите на среќа. Битолчани многу веруваат и играат и инстант лозови и лото, така што токму оттука решивме да го започнеме караванот Урбан стил, кој ќе продолжи во останатите градови низ Македонија“ – изјави Станојковска.

Урбан стил

На штандот на најпрометната пешачка зона минувачите ги дочекаа пријатни изненадувања. Славната „лото девојка“ сподели што ги очекуваше битолчани и бројните туристи: „Забава, многу награди и добивки, со оглед на тоа што покрај промоцијата на лозот Урбан стил, ќе имаат можност да ги гребат и останатите инстант лозови, кои нудат и шанса да се освои до 10 милиони денари со лозот Мега Милионер“.

Долгоногата македонска убавица има и порака до сите кои сакаат да си ја пробаат среќата: „Да веруваат во среќата и да имаат позитивни мисли, затоа што позитивните мисли носат позитивни случувања. Потребно е и човек да игра – ако не игра, нема шанси да стане добитник на некоја примамлива премија. Верувајте и бидете постојано во игра.“

Урбан стил Урбан стил Урбан стил

Во рамките на кампањата за лозот Урбан стил беше снимен и спот, во кој покрај Марјана се појавуваат и Дарко и Илариа. Тие се едногласни дека снимањето било презабавно, а особено им било интересно возењето со електричните мотори. „Атмосферата беше супер. Моторите се одлични, тотално бесшумни“ – рече Дарко.

Рекламната фотосесија пак неочекувано добила реприза, но повторувањето било со цел фотографиите да се доведат до перфекција.

Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил Урбан стил

Новиот лоз Урбан стил чини 50 денари и наменет е за сите кои сакаат да го зачуваат сопственото здравје, но и се грижат за животната средина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.