Почетна » Новости » Актуелно » Камерен Оркестар на Битола приреди вистински спектакл во Скопје со MTV 80s & 90s: The Greatest Hits

Камерен Оркестар на Битола приреди вистински спектакл во Скопје со MTV 80s & 90s: The Greatest Hits

Минатата вечер, присутните во Национална Опера и Балет доживеаа вистински спектакл кој траеше речиси два часа. MTV 80s & 90s: The Greatest Hits не беше само концерт, туку времеплов кој присутните во НОБ ги одведе назад во времето и ги оживеа златните моменти на 80-тите и 90-тите години.

Овој настан, оваа година ќе остане запаметен како настан кој се распродаде за само 3 часа и во Битола и Скопје, и каде Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect се претстави во своето најдобро светло, носејќи нè на музичко патување низ декадите исполнети со неповторливи хитови. Салата на НОБ, зрачеше од енергијата на многубројната публика која со нетрпение очекуваше повторно да ја доживее магијата на 80-тите и 90-тите.

MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s

Ова патување низ времето траеше два часа, а низ звуците на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect предводен од диригентот маестро Владимир Димовски и изведувачите Love Itoya, Агни Авшар, Јасна Димовска, Наде Талевска, Ирена Димовска - Памперс, Ана Петановска, Александра Трајческа, Кики Плиш, поп рок хор Битвокс, како и балетските играчи при Национална опера и балет, присутните имаа можност да уживаат во најголемите хитови на безвременските Тина Тарнер, Витни Хјустон, Мајкл Џексон, Шер, Аеросмит, Рики Мартин, Алана Мајлс, Чака Кан, Мадона и многу други. Од првиот такт до последниот аплауз, атмосферата беше магична и исполнета со емоции, носталгија, и пеење во еден глас. Секој присутен можеше да почувствува дека е дел од нешто посебно, дел од вечер која ги преплете најубавите стихови во една незаборавна симфонија.

MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s

За повеќе информации за настаните на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect, како и за галерија од настанот следете го нивниот профил на социјалните мрежи Facebook и Instagram, или посетете ја нивната вебстрана www.chamberorchestrabitola.com

MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s MTV 80s & 90s

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.