Никој на Балканот не остана рамнодушен на веста за смртта на Халид Бешлиќ.
Легендарниот Босанец ќе остане запаметен не само по бројните хитови кои се пеат речиси на секоја веселба, туку и по огромното срце. Во текот на својата кариера, „Кралот на севдалинките“ имаше одржано повеќе од 500 хуманитарни концерти за да им помогне на оние лица кои најмногу имаа потреба од помош.

Славните личности ги искористија своите платформи на социјалните мрежи за да му оддадат почит на големиот музичар.
Калиопи Букле
Небото над Босна денес е многу тажно... Тажни сме сите...
Кога заминуваат добри луѓе, кои зад себе оставиле длабока трага, со нив заминува и дел од нашето минато...
Збогум, драг пријателу...
Ќе те паметам по светлината на твојата душа...

Данијела Мартиновиќ
Данијела сподели цитат од Халид, кој ја покажува неговата големина како човек:
„Јас можам да возам бесен автомобил, да снимам спотови од милиони, но зошто би го правел тоа додека мојот сосед нема ни за леб? Мене ми е задоволство да го нахранам него, да отидам во јавна кујна и да придонесам, да нахранам денес 100 градни усти или да донирам пари во детски дом. Кога ќе заминам, би сакал да ме паметат како добар човек, а не како добар пејач.“


Никола Роквиќ
„Кога ќе се роди човек, цел свет се радува, а само тој плаче. Треба да живее така што, кога ќе умре, цел свет ќе плаче, а само тој ќе се радува“ – Патријарх Павле.


Северина

Јелена Томашевиќ
Кога ќе заминам, би сакал да ме паметат како добар човек, а не како добар пејач.

Дино Мерлин
Дино раскажа за моментот кога отишол да се збогува со својот пријател и му ја отпеал заедничката песна, која ја објавија пред само 5 месеци.
„Големиот, неповторлив Халид Бешлиќ. Топла душа босанска. Стигнав да се збогувам. Дождлива, октомвриска сараевска ноќ. Тивко му ја пеев нашата песна. Како да се насмевна благо за момент. Патувај бела птицо... Те сакам многу. Твој Дино“ – напиша тој.

Лепа Брена



Димитар Андоновски
Патувај мирно, легендо. Ми беше чест што се запознавме и што имавме убава соработка во Gold Felicia. Ќе останеш запаметен засекогаш по твојата песна и големина.

Жељко Самарџиќ

Саша Ковачевиќ
Вечно ќе живееш во срцата на сите нас, преку твојата музика, емоциите кои ги поседуваше и песните кои ќе останат вечни. Почивј во мир, најдраг наш Сарајлијо.

Марија Шерифовиќ
Престана да чука музичкото срце на Восна и Херцеговина. Халиде, нека ви е вечна славата и ти благодарам на секоја скршена чаша и пуштена солза.

Неда Украден
Драг Халиде. Сите твои песни, сите концерти, дружењата во Сараево, не дозволуваат срцето и разумот да се помират со суровата вистина. Патувај со ангелите. Ние ќе те сакаме засекогаш.

Членовите од групата Lexington
Музичарите од групата споделија видео од свој настап додека Халид се лекуваше во болница. Тие напишаа:
„Драги наш сакан Халиде, не мислевме дека вака ќе испадне... дека е толку сериозно и дека нема да успееш. Се молевме до последниот момент, но очигледно Бог имал поинакви планови за тебе. Се простуваме од тебе со песна... скршени, но и среќни што бевме не само твои современици, туку и твои пријатели. Патувај со ангелите... и благодариме за сè.“

Јелена Розга

Сека Алексиќ

Александра Пријовиќ
