Почетна » Новости » Актуелно » Истакнати професионалци од Клиника Жан Митрев наши претставници на меѓународни конгреси

Истакнати професионалци од Клиника Жан Митрев наши претставници на меѓународни конгреси

Единбург, Шкотска

На овогодинешниот меѓународен конгрес во Единбург, Шкотска, организиран од Европското друштво за кардиологија (ESC) и Здружението на кардиоваскуларни медицински сестри и сродни професии (ACNAP), клиниката Жан Митрев и нашата држава ги претставуваше сестра Сузана Димишковска. Во оваа прилика беше примена за редовна членка, една од 20 земји кои се дел од оваа асоцијација.

Темата на конгресот „Ги вложуваме нашите срца во грижата за пациентите“, ја одразува намерата да се истакнат истовремено сите димензии на кардиоваскуларната пракса, со особен фокус на пациентот.

Клиника Жан Митрев

Двете здруженија работат со цел подобрување на кардиоваскуларната грижа за пациентите кои живеат или се изложени на ризик од срцеви заболувања токму преку примена на напредна професионална пракса и иновативни решенија за подобрување на резултатите од целиот спектар кардиоваскуларни болести.

Здружението постои од 2018 година, кога Генералното собрание на Европското друштво за кардиологија (ЕSC) во Минхен гласаше и одлучи за издигнување на Советот на кардиоваскуларни медицински сестри и сродни професии (CCNAP) во асоцијација (ACNAP). Тоа е едно од само седумте во рамките на друштвото. Од своето создавање, ACNAP е асоцијација која е динамична и соработлива, а е специјализирана за превенција, рехабилитација и управување со пациенти со кардиоваскуларни болести.

Нивната мисија е да промовираат извонредност кај кардиоваскуларните медицински сестри и сродните професии преку практика, образование и истражување.

Тие веруваат дека медицинските сестри и здравствените работници имаат клучна улога во грижата за срцето. Интервенциите развиени, тестирани и имплементирани од медицински сестри и други здравствени работници можат да им помогнат на пациентите да спречат, да се прилагодат и да закрепнат од срцеви заболувања.

Клиника Жан Митрев

Прага, Чешка република

Во периодот од 20–23.05.2023 година се одржа Европскиот конгрес за срцева слабост во Прага, Чешка република. Работата со пациентите со срцева слабост, беше идеја за пишување на труд на проф. Д-р Милка Клинчева. Трудот кој беше прифатен за усна презентација на овој реномиран Европски конгрес, беше инспириран од неколку последни научни студии, кои ја разбрануваа светската кардиолошка јавност. Од Жан Митрев велат: „Веруваме дека со нашата работа, ќе успееме да се приближиме до одговорот на неколку клучни прашања околу реваскуларизацијата и коронарната артериска болест.“

Презентирањето на трудот поттикна прашања и пофалби кон нашиот тим за добро сработената работа, од страна на научната комисија и колегите.

Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев

Пула, Хрватска

Клиничката болница Жан Митрев учествуваше на невропсихијатрискиот конгрес кој се одржа во Пула, Хрватска во период од 18-21 мај 2023 г, претставен со д-р Марија Костадиновска, специјалист по психијатрија. Конгресот е од интернационален карактер, традиционален, 62-ри по ред, каде со свое учевство се и еминентни стручни лица од Европа и Америка. На конгресот беа опфатени теми од двете области на интерес и неврологија и психијатрија, со особен осврт кон невролошки и психијатриски последици од цереброваскуларни заболувања и повреди на мозокот, клиничка вредност и проблеми на современата техничка медицина, стареење на мозокот, невро- и психогеријатрија, деменција.

Д-р Костадиновска со своето учевство презентираше дел од улогата на психијатарот во грижата на лицата во постоперативен период, како и искуствата од амбулантската работa.

Клиника Жан Митрев Клиника Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.