Почетна » Новости » Актуелно » Њуборн Клиника: Имплементацијата на ТЕМОС- стандардите гарантира висока безбедност за пациентите

Њуборн Клиника: Имплементацијата на ТЕМОС- стандардите гарантира висока безбедност за пациентите

Сите процеси и процедури што се опфатени според ТЕМОС - протоколите гарантираат почит и исполнување на Интернационалните цели за безбедност на пациентите, кои се од исклучителна важност, а тоа се: правилна идентификација на пациентот, ефективна комуникација, подобрување на безбедноста на високоризични лекови, сигурна и безбедна операција, намалување на ризик од интрахоспитални инфекции, намалување на ризикот од повреда, како резултат на пад во болнички услови. Newborn Clinic, како акредитирана клиника, ги има имплементирано сите TEMOС - стандарди и нуди висок квалитет и безбедност на медицинска услуга во секој момент, од прием на пациентот сè до напуштање на клиниката.

За секоја процедура во клиниката постојат точно утврдени упатства и правила. Согласно со стандардите, Newborn Clinic располага со над 1,000 пишани процедури, формулари и упатства кои се достапни за сите вработени и кои секојдневно се почитуваат при работата со пациентите.

Њуборн Клиника

ПАЦИЕНТОТ ВО ФОКУСОТ НА ГРИЖАТА! ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ СТАНДАРДИТЕ?

Исполнувањето на стандардите има една основна цел, пациентот да биде ставен во фокусот на грижата, сè со цел да се избегне и најмала грешка при неговиот третман. Целокупниот персонал во клиниката следи точни упатства како да постапи во секој дел од работата со пациентот.

Точна идентификација на пациентот – пациентот за време на престојот во клиниката е соодветно идентификуван со идентификациски формулар преку кои персоналот е запознаен со одредени состојби уште при самиот влез во клиниката и презема соодветни акции. На формуларот се назначени најважните информации – лични податоци, дали пациентот е алергичен на одредена храна и лекови, дали има одредено инфективно заболување, дали кај него постои ризик од пад, одредено ограничување. Доколку истовремено во болницата е присутен уште еден пациент со исто име и презиме, соодветно се означуваат за да не дојде до грешка при одредени медицински активности.

Њуборн Клиника

Ефективна комуникација – секој пациент во Newborn Clinic навремено е информиран за својата состојба и за интервенциите што треба да му бидат изведени. Преку специјални формулари се врши соодветна, брза и навремена комуникација помеѓу медицинските лица во болницата, со што се намалува можноста за пренос на грешна информација. Според ТЕМОС- стандардите, лекот што треба да се аплицира кај кој било пациент мора да има тројна контрола, првенствено од докторот што ја препишува, потоа контрола и потврда од секторот за издавање терапија и на крај медицинската сестра пред да го аплицира. Во болницата се имплементирани електронски системи преку кои медицинските лица што се грижат за пациентот може да дојдат до потребната информација за третманот на пациентот.

Подобрување на безбедноста на високоризични лекови – Особено се посветува внимание на начинот на обележување, чување и апликација на високоризичните лекови. Согласно со стандардите, овие лекови се посебно обележани и имаат посебен начин на апликација, односно мора да бидат потврдени од две медицински лица пред да се аплицираат на пациентот. Во оваа група спаѓаат и лекови што звучат или изгледаат слично и тие исто така соодветно се обележуваат, со цел да се намали ризикот од грешка при нивна апликација.

Њуборн Клиника

Сигурна и безбедна операција – пред да се започне со операција и интервенција со анестезија во клиниката, се прави дополнителна проверка на идентитетот на пациентот, видот на интервенција, проверка на тимот кој работи во сала и видот на анестезија за да се избегне каква било грешка која би ги загрозила здравјето и животот на пациентот. Пред секоја интервенција се врши целосна проверка на инструментите за стерилизација. Во делот за стерелизација се следат сите индикатори за потврда на стерилизација, а на секој апарат за стерилизација се врши тест за биолошка контрола и исправност на апаратот. Пред стерилизација се прави инспекција на секој инструмент и се редат во сетови за стерилизација. Секој инструмент се запишува во формулар за контрола на сите фази на дезинфекција и стерилизација. Начинот на чување на инструментите се одвива во просторија каде што се контролираат температурата и влажноста на воздухот. На овој начин се запазени сите највисоки протоколи за стерилност и исправност на инструментите со кои се изведува хируршката интервенција.

Њуборн Клиника

Намалување на ризик од интрахоспитални инфекции – Согласно со ТЕМОС-стандардите, во клиниката постои мултидисциплинарен тим кој се грижи за превенција и контрола на интрахоспиталните инфекции. Во клиниката се користат најсовремени дезинфекциски средства за хигиена на раце и одржување на целокупната хигиена во болницата на највисоко ниво. Од особено значење е континуираната едукација на пациентите, персоналот и посетителите за важноста за одржување на дезинфекција и хигиена на раце.

Њуборн Клиника

Првата реакредитација на клиниката Newborn ревизорите на TEMOS ја оценија како најуспешна досега, со минимален број забелешки. Позитивни критики беа упатени во однос на целокупната грижа за пациентите и начинот на кој се спроведуваат процедурите и протоколите за работа. Особено беа издвоени процесот на работа на единиците за ембриологија и андрологија. По спроведената контрола, ревизорите го издвоија и Одделот за Ендокринологија како соодветно дополнување во борбата со инфертилитетот и согласно со ТЕМОС-стандардите, оваа клиника е на ниво на светските ин витро центри.

Њуборн Клиника

Во имплементацијата и одржувањето на стандардите беа вклучени сите вработени во клиниката, а со целокупниот процес раководеше Одделот за менаџент и човечки ресурси. Првата ТЕМОС-акредитација клиниката ја доби во 2021 година и со тоа стана првата ТЕМОС- акредитирана клиника за инвитро оплодување во Македонија и во поширокиот регион.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25654 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.