Почетна » Новости » Актуелно » Златна Бубамара на популарноста 2023 – во завршни подготовки

Златна Бубамара на популарноста 2023 – во завршни подготовки

Најпопуларната манифестација на домашната сцена – Златната бубамара на популарноста 2023 – е во фаза на завршното дотерување на овогодишната 26-та церемонија што ќе се одржи на 16 март во салата „Борис Трајковски“.

Во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, овогодишното мото на Златната бубамара е „Да ги наполниме батериите на евтина струја“ (со подваријанта „... или на скапа тарифа“), а штедливоста и енергетската ефикасност на свој, сатиричен и хумористичен, начин ги обликуваа скечовите и содржините на овогодишниот спектакл.

Златна бубамара на популарноста

Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена.

Веќе се објавени и двата постери за овогодишната 26. Златна Бубамара. Едниот со мотото на овогодишниот спектакл го изработи нашиот традиционален соработник, графичкиот дизајнер Ласко Ѓуровски, а другиот постер - со остарените и залежани суперхерои кои нестрпливо ја чекаат Златната Бубамара за да се размрдаат - го изработи младиот стрип-цртач Никола Димов. Како екстра додадена вредност – годинава Златната бубамара ќе добие и стрип!

Златна бубамара на популарноста Златна бубамара на популарноста

Како и секоја година, интересот за билети е огромен. Речиси 90 проценти од пуштените билети во продажба се веќе продадени, но на барање на публиката денес се пуштени во продажба последните 300 билети.

Ве очекуваме на 26-то издание на Златната Бубамара.

Да штедиме и да не се штедиме!!!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.