Почетна » Новости » Актуелно » Запознајте го брачниот пар кој стои зад вакцината против КОВИД-19 што е на пат да го промени светот

Запознајте го брачниот пар кој стои зад вакцината против КОВИД-19 што е на пат да го промени светот

Позитивната вест за пронаоѓањето на ефикасна вакцина против КОВИД-19 вчера одекна во светот, а сега сите очи се насочени кон компаниите Pfizer и BioNTech. Но, малкумина знаат дека најзаслужни за ова откритие, кое е на пат да ни го промени животот, се сопружниците Озлем Туреџи и Угур Шахин.

Озлем Туреџи и Угур Шахин Озлем Туреџи и Угур Шахин

Брачниот пар од Германија, кој е максимално посветен на пронаоѓање вакцини потекнува од Турција, а стои на чело на компанијата BioNTech. Двајцата партнери негуваат толку голема љубов кон медицинските истражувања што нивниот свадбен ден го започнале и завршиле во лабораторија. Тие се родители на тинејџерка.

Озлем е германска докторка, имунолог и бизнисменка родена во Истанбул. Таа е ко-основач и директор на компанијата BioNTech, а ја предводи и Асоцијацијата за имунотерапија за рак. Всушност, таа се смета за пионер во имунотерапијата за рак.

Угур потекнува од скромно семејство. Неговите родители се преселиле од Турција во Германија за да работат во Ford. Сепак, тој успеал да изгради компанија вредна 2 милијарди долари. Шахин е имунолог, доктор, професор по онкологија на Универзитетот во Мaјнц и извршен директор и ко-основач на компанијата BioNTech.

Во моментов, Озлем и Угур се вбројуваат меѓу 100-те најбогати Германци. И покрај тоа, тој не се откажува од својата навика да вози велосипед до работното место.

Колегите го опишуваат Шахин како скромен човек, кој на работа пристигнува со кацига и ранец: „Тој е многу скромен човек. Изгледот му е малку важен. Но, тој се стреми да создаде структура која ќе му овозможи да ги реализира неговите визии и да покаже дека неговите аспирации се далеку од скромни“.

Озлем Туреџи и Угур Шахин Озлем Туреџи и Угур Шахин

Нивната компанија била создадена во 2008 година, со цел да развива нови типови имунотерапија против рак. Но, кога на почетокот од годината првпат се појави веста за новиот коронавирус во Вухан, компанијата ги пренасочи своите ресурси кон пронаоѓање на вакцина.

Кога ја прочитал веста за ширењето на вирусот, 55-годишниот Шахин ѝ рекол на сопругата дека во април ќе се затворат сите училишта во Германија. Но, Германија влегла во „локдаун“ во март, уште порано од очекуваното. Дотогаш, брачниот пар веќе имал развиено 20 кандидати за вакцина, од кои 5 требало да бидат тестирани за имуна реакција.

Шахин изјавил дека BioNTech можела да ја развие вакцината самостојно, но дека најголем проблем ќе им беше дистрибуцијата. Затоа, тие ги здружија силите со американската компанија Pfizer.

Озлем Туреџи и Угур Шахин Озлем Туреџи и Угур Шахин

Вакцината на двете компании има ефикасност од 90%.

Се очекува тие да добијат одобрение за масовно производство и дистрибуција до крајот на месецов.

Озлем Туреџи и Угур Шахин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.