Почетна » Новости » Актуелно » Заедно донираме повеќе: Нептун започнува донаторска кампања за СОС Детско Село

Заедно донираме повеќе: Нептун започнува донаторска кампања за СОС Детско Село

03.08.2021 Скопје – Во рамките на воспоставената стратешка соработка помеѓу Нептун Македонија ДОО и СОС Детско Село, од 3ти до 19ти август, започнува Нептун кампања “Заедно донираме повеќе”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во Нептун имаат можност да се вклучат во донаторска акција.

Заедно донираме повеќе

Ајде заедно да овозможиме децата и младите без родители и родителска грижа:

  • Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност
  • Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност
  • Да имаат среќно и безгрижно детство
  • Да имаат квалитетно образование
  • Да имаат сигурна иднина
  • Да бидат едноставно ДЕЦА

СОС Детско Село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на згрижување на деца без родители и родителска грижа, и во нашата земја ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ''Ниту едно дете да не расте само".

Од друга страна Нептун Македонија ДОО е компанија со постојан активен однос во општеството. Општествена одговорност на компанијата од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше во креирање на ваква кампања. Водени од моделот на заедничката вредност на идејата дека корпоративниот успех и социјалната заштита се меѓусебно зависни, за Нептун Македонија ДОО помошта на заедницата останува императив.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.