Почетна » Новости » Актуелно » За врвен третман на пациентите кај нас: Д‑р Христијан и д‑р Синиша на усовршување во Франција

За врвен третман на пациентите кај нас: Д‑р Христијан и д‑р Синиша на усовршување во Франција

Константното надградување на знаењата и вештините е круцијално за постигнувањето на медицински успеси, а д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски се доказ за тоа. Македонските гинеколози непрекинато се едуцираат кај најистакнатите специјалисти во светот и ги пренесуваат најдобрите практики во болницата „Плодност“ во Битола.

Нивната најнова обука беше во Франција во реномираната клиника „Клермон Феран“ (Clermont Ferrand). Станува збор за клиника во која во 1971 година биле почетоците на лапароскопско-хистероскопската хирургија, а до ден-денес таму се усовршуваат инструментите со коишто се работи. Тоа е и место каде што со години наназад се образовале најдобрите гинеколошки хирурзи во светот.

Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција

За искуството на д-р Христијан и д-р Синиша во Франција, од битолската болница информираат:

„Напредната лапароскопија веќе одамна се работи во Болница Плодност, а најновите специјалистички надградби само го надополнуваат успешниот опус на работа на нашите врвни доктори.

Уште поголемо задоволство е што за време на обуките, нашите доктори учеа, работеа и се дружеа со најдобрите во светот. Се усовршуваа под менторство на професор Benoit Rabischong, претседател на европската асоцијација за гинеколошка ендоскопија „ESGE“, професор Pouly, еден од најпознатите гинеколози во светот, а според неговата класификација, до ден-денес постои неговиот „score“ или проценка и третман за екстраутерина бременост. Двајцата наши доктори работеа и под менторство на почитуваниот професор Arnaud Wattiez во клиниката IRCAD во Стразбур.

Ова бесценето искуство на нашите доктори за овие простори, резултира со воведување на новитети во лапароскопската хирургија кај нас и методи кои засега се изведуваат само во Болница Плодност. На знаењето, соодветствува и врвната најнова медицинска опрема, така што севкупно, оперативните зафати се изведуваат со што помалку нус појави за пациентите, кои за многу кратко време мобилни ја напуштаат болницата.

Светските врвни оперативни искуства од областа на гинекологијата во Македонија, единствено во Болница Плодност Битола.“

Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција Д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски во Франција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.