Почетна » Новости » Актуелно » Жените со болни менструации во Шпанија ќе можат да добијат платено менструално боледување

Жените со болни менструации во Шпанија ќе можат да добијат платено менструално боледување

Имате болни менструации?

Во Шпанија жените имаат право на платено менструално боледување од 3 дена, со можност за продолжување до 5, доколку се соочуваат со болни циклуси. Минатата недела, шпанската влада го одобри предлог-законот кој на жените им гарантира право на менструално боледување, со што стана прва таква земја во Европа.

Менструација

Право на менструално боледување од 3 дена имаат жените кои страдаат од грчеви, вртоглавици или гадење, а во потешките случаи тоа може да се продолжи до 5 дена. Боледувањето го препишува доктор и не важи за лицата со блага нелагодност.

Слични закони веќе постојат во Јужна Кореја, Јапонија, Замбија и Индонезија.

Болните менструации или дисменореја се јавува кај повеќе од половината од жените и траат околу два дена. Лицата со посериозни случаи на дисменореја се спречени да работат поради силните билки, а оние коишто одат на работа, не можат нормално да ги извршуваат своите обврски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.