Почетна » Новости » Актуелно » Еуфорична забава и култура: 5 настани кои нè повикуваат да тргнеме кон Струмица уште утре

Еуфорична забава и култура: 5 настани кои нè повикуваат да тргнеме кон Струмица уште утре

Желни сте за несекојдневна забава под маски? Копнеете да танцувате на музички спектакл со светски и регионални ѕвезди? Сакате да ги разгалите сетилата со квалитетен филм или да почувствувате фестивалска магија? Струмица го нуди идеалниот одговор.

Градот под Царевите кули, како центар на културата и забавата во Источна Македонија, е домаќин на манифестации кои задоволуваат различни вкусови и преференции. А еве кои се најпримамливите настани на струмичка територија:

Музички спектакл на Get EXITed

Настани во Струмица

Сакате да уживате во хитови на истакнати актуелни изведувачи? Тука е Get EXITed, најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ. Годинава, музичкиот хепенинг ќе се одржи на 7 септември, во струмичкиот Градски парк, а публиката ќе се забавува со звуците на светски и регионални ѕвезди.

На сцената ќе го видиме Џон Њуман, кој повеќе од деценија ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и „заразните“ хитови. Ќе гостуваат и исклучителниот турски продуцент, глобален хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и регионалните икони Констракта и Ван Гог. Исто така, атмосферата ќе ја загреваат Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и Д Георс.

На големата забава ќе има и специјално изненадување за посетителите – IQOS зона каде ќе ги очекува освежување, изненадувања, Инстаграм корнер, како и можност за чистење и полнење на уредите.

IQOS Together X зонаIQOS Together X зона

Култура, забава и спорт на Струмица ОПЕН фестивал

Настани во Струмица

За да почувствувате фестивалска магија, посетете го Струмица ОПЕН фестивал. Македонска музика, македонски филмови, македонска поезија и хумор и многу спортски активности... Дефинитивно има за секого по нешто во текот на летните денови и ноќи.

Како што велат организаторите, целта на манифестацијата е „активирање на сите сетила на граѓаните, консумирање културна програма на високо ниво, уникатни забавни настани како и врвни музички концерти зачинети со вкусна храна“.

Филмска уметност на Астерфест

Меѓународниот филмски фестивал Астерфест обединува исклучителни познавачи на филмската уметност. Во официјалната конкуренција се вклучуваат професионални филмски автори и продукции од цел свет.

Настани во Струмица

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а се доделуваат наградите Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“, Наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“, како и повеќе специјални награди и пофалници.

Годинава, наградата „Златна потковица“ им беше доделена на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска за филмот „Ивалу“.

Глумечко мајсторство на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Ве пленат раскажаните стории на „штиците што живот значат“? Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално започнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од Македонија, Бугарија и Словенија.

Веќе три децении Фестивалот се одржува во чест на великанот на македонската глума Ристо Шишков, а се доделува награда за високо глумечко достигнување, која вклучува златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична сума од 1.500 евра.

Минатогодишна победничка е талентираната актерка Дарја Ризова со улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“.

Настани во Струмица

Фешта со маски на Струмичкиот карневал

Шаренило, креативност, хумор и еуфорична атмосфера владеат на Струмичкиот карневал и мамат учесници и посетители од целиот свет. Илјадници маски традиционално се слеваат на улиците додека градот го тресе карневалската треска, која започнува на стартот на големиот велигденски пост, а е посветена на армасаните (верените) девојки.

Настани во Струмица

На неколкудневната веселба, градоначалникот симболично им го предава клучот од градот на карневалистите, се избираат принц и принцеза на карневалското дефиле, се одржува интернационална карневалска поворка и за најмалите се организира детски карневал.

Со тек на времето, струмичкиот карневал придоби награден карактер, а се насетуваат и влијанија од карневалите низ светот.

Кроите план да отпатувате до Струмица? Имајте на ум дека градот е опишан како целогодишна дестинација, бидејќи е атрактивен во текот на целата година и во кое било време можете да си пронајдете солидна причина да го посетите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11423 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.