Почетна » Новости » Актуелно » Доделени наградите на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“

Доделени наградите на фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“

Заврши фотоконкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“. На завршниот настан, одржан на 21 мај во Дино паркот во Скопје, беа прогласени тројцата победници и им беа врачени вредните еконагради. Овој конкурс, организиран со цел да ги подигне свеста и мотивацијата кај граѓаните за преземање активни мерки за приспособување кон климатските промени, привлече над 400 учесници, кои ги пријавија фотографиите од сопствените зелени оази, дворови, градини, тераси. Во опуштена атмосфера, посетителите можеа да ги дознаат добитниците и да ги видат победничките фотографии, но и да уживаат во изложена галерија на фотографии од дворови и тераси што влегоа во потесниот избор.

Фотоконкурс

Жирито имаше важна задача, но, врз основа на претходно утврдените критериуми за избор, како што се: најмногу различни видови растенија; присутни видови што поддржуваат урбан биодиверзитет (пчели, птици, пеперутки);видови отпорни на климатски промени или автохтони видови и функционална корисност, ги избра следните среќни победници:

  1. Прва награда, електричен велосипед – Диоген Хаџи, Коста Милевски
  2. Втора награда, електричен тротинет – Роберт Јаневски
  3. Трета награда, велосипед – Александра Зафировска
Фотоконкурс

Сите учесници на овој фотоконкурс свесно ја препознаваат идејата на зелената урбана инфраструктура во борбата со климатските промени. Нивните зелени оази треба да бидат мотивација и инспирација за другите да дадат свој придонес во оваа борба. Последиците од климатските промени ги чувствуваме секојдневно, но дури и мали потези и активности како овие можат да дадат придонес во намалувањето на влијанието на климатските промени.

Конкурсот „Заедно за климатска акција! Потребна е твојата реакција!“ се организира како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко-свест“, во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), финансиски поддржан од Владата на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите што го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на Владата на Шведска.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.