Почетна » Новости » Актуелно » Дијамантите на Божиновски часовници и накит на 44. издание на Фестивалот за филмска камера „Браќа Mанаки”

Дијамантите на Божиновски часовници и накит на 44. издание на Фестивалот за филмска камера „Браќа Mанаки”

Прославувајќи ја ноќта на кинематографите во Битола, на црвениот тепих поминаа неколку светски оскаровци на кинематографијата и некои од најдобрите и најсветлите Македонски ѕвезди, убави и гламурозни дами во вечерни тоалети во чест на отворањето на 44-тото издание на Фестивалот за филмска камера „Браќа Mанаки” во Центар за култура во Битола.

Овие се познатите лица кои избраа да носат дијамантски накит од брендот DAMIANI – еден од премиум брендовите на Божиновски часовници и накит.

Јелена Јованова

Јелена Јованова – македонска актерка и водителка на овогодинешното свечено отворање на фестивалот носеше белегзија и прстен од колекцијата Mimosa на Damiani.

Накитот од Mimosa заслепува во сета своја убавина благодарение на посебната изработка и изборот на материјали. Колекцијата вклучува прекрасни огрлици, прстени и белегзии со дизајн кој потсетува на обликот на цветот Мимоза во стил кој е модерен и безвременски.

Лабина Митевска

Лабина Митевска – македонска актерка и продуцентка, овогодинешна добитничка на „Големата ѕвезда на македонскиот филм”. Таа ја избра црната варијанта на колекцијата D-Icon од Damiani, изработена од црна керамика и нежно розе злато украсено со по еден дијамант во буквата D.

Динамична, модерна и гламурозна: D-Icon Woman изразува стил кој жената што го носи ја издвојува од сите други.

Миланка Рашиќ

Миланка Рашиќ – ТВ авторка и продуцентка, уште една гламурозна дама на црвениот тепих но овојпат во фунција на водител за националната телевизија МРТ. Таа својот мастило син вечерен фустан го закити со дијамантите на Belle Epoque колекцијата. Накитот на Belle Époque го реинкарнира стилот на филмските ѕвезди од 1920-тите, оние иконски женски музи на режисери и сликари и се дизајнирани за жени кои ја разбираат уметноста на заведувањето и моќта на фасцинацијата.

Погледнете ги сите модели на Damiani на линкот:

https://tinyurl.com/ythnjf7a

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.