Почетна » Новости » Актуелно » Денис Ампов ја освои наградата за „Млад Менаџер на Годината за 2023'“

Денис Ампов ја освои наградата за „Млад Менаџер на Годината за 2023'“

Новиот лидерски талент на сцената, Ампов, носи свежи перспективи во индустријата за е-трговија

Во свет каде управувањето со промените и предизвиците е повеќе од вештина – тоа е уметност, младиот и иновативен менаџер Денис Ампов ја докажа својата извонредност со освојувањето на престижната награда 'Млад Менаџер на Годината'. Препознаен за својата лојалност, страст и непоколебливо водство, Ампов ги предводи новите трендови во бизнисот со смела визија за иднината.

Денис Ампов

Ампов, кој успешно водеше тимови за продажба во минатите години, сега како Country Manager на Ананас - најголемата регионална платформа за е-трговија, е пример за интегритетот и перформансите што ги бара денешницата.
Неговиот пристап кон управување со продажбата и способноста да се приспособува на динамичните пазарни промени го ставаат во фокусот на вниманието како модел за следење. Брзината на пазарот во електронската трговија и подготвеноста на пазарот се предизвик во кои секојдневно се решаваат проблеми, каде Денис го прави со вистинско уживање и задоволство.

„Оваа награда не е само признание за мојата работа, туку и потврда за правилниот став и континуираниот стремеж кон усовршување. Оваа награда е симбол за она што го креираме со моите соработници за Клик, Бум, Трас биде поблиску до секој дом. Во време на големи предизвици и промени, огромна е потребата од сите заеднички да делуваме со големи и мали акции за колективен раст и благосостојба" - изјави Ампов.

Денис Ампов

Со своето водство, тој се надева да инспирира и мотивира една нова генерација менаџери кои ќе прифатат предизвиците и ќе придонесат кон подобро утре.

Денис Ампов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11220 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.