Почетна » Новости » Актуелно » „Да не растеме генијалци без душа, туку луѓе со срце“: Писателката Азра со моќна порака до родителите

„Да не растеме генијалци без душа, туку луѓе со срце“: Писателката Азра со моќна порака до родителите

Да се биде родител е со сигурност најубавата, но и најтешката улога на светот. Да се израсне дете со вистински вредности во време на технологија и подем на сите видови булинг е вистински предизвик.

Во вакви околности, исклучително важно е родителите да разговараат со своите деца. Но, уште поважно е низ сопствениот пример да им покажат како се гради карактер, како се почитува и како се сака. Децата се огледало на родителите и не е случајно речено: „Воспитувањето најпрво доаѓа од дома“.

На самиот старт на училишната година, писателката Азра им испрати моќна порака на родителите со наравучение: „Научи го детето да биде човек – тоа е најголемата лекција“.

Нејзиниот текст е во продолжение:

Порака на Азра

Не постои книга што може да ја замени прегратката на мајката.
Не постои училиште што може да ја надмине тишината на таткото кога со гордост го гледа своето дете.

Децата не одат во училиште само да учат букви и броеви.
Тие одат да го пронајдат својот глас, својата храброст, своето јас.
И таму, во тие ѕидови, тие носат со себе една невидлива торба – исполнета со љубовта и примерот на своите родители.

Родителите се први учители.
Нивниот збор е семе.
Нивната насмевка е светлина.
Нивната болка е лекција.

А училиштето – тоа е местото каде семето расте.
Некои деца ќе бидат дрвја со силни корени,
некои – реки што ќе го менуваат текот на светот,
а некои – светилки во темнината на другите.

Силата не е во тоа што детето ќе знае повеќе од другите,
туку во тоа што ќе научи да биде повеќе – повеќе човек, повеќе срце, повеќе добрина.

Родители, секој ден кога вашето дете влегува во училиште – тоа не носи само книги и тетратки.
Тоа носи во себе ваши зборови, ваши примери, ваши стапки.

Дете не се раѓа со омраза.
Омразата ја учи – од домот, од улицата, од нашата рамнодушност.
Дете не се раѓа со презир.
Презирот го учи – кога гледа како ние ги делиме луѓето на „повеќе“ и „помалку“.

Родители, не заборавајте: детето е огледало.
Во него се гледа вашата љубов, вашата болка, вашите вредности.
Ако сакате утре да видите добар човек во светот – покажете му денес како изгледа добрината.

Булингот не почнува во училиште – тој почнува во домот, со првиот потсмев, со првата навреда што детето ја чулo.
Ако сакаме училиштето да биде светлина, мора прво домовите да бидат огништа на почит и топлина.

Најсилната порака што можете да му ја кажете на своето дете секое утро не е: „Биди најдобар!“
Туку: „Биди Човек!“
Биди тој што ја крева раката да помогне, не да удри.
Биди тој што зборува со почит, не со потсмев.
Биди тој што гради мостови, не ѕидови.

Психологијата вели: детето учи најмногу од она што го гледа, не од она што го слуша.
Филозофијата вели: вистинската сила на човекот е во тоа како се однесува кон послабиот.
А животот вели: секое зло што го посееш, еден ден ќе ти тропне на врата.

Затоа, родители, не им подарувајте на вашите деца само играчки и телефони.
Подарете им мудрост.
Подарете им пример.
Подарете им совест што нема да им дозволи да повредат друг.

Зашто утре, кога вашето дете ќе стане возрасен човек, светот нема да праша колку книги прочитал,
туку ќе праша: „Во каков човек израсна?"

И токму тоа е вистинската лекција –
не да растат генијалци без душа,
туку луѓе со срце што ја осветлуваат темнината околу нив.
Научи го детето да биде човек – тоа е најголемата лекција.

Азра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28819 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.