Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Огњен и Дарко Даскалов: Корекцијата на носот доверете ја на докажани доктори

Д-р Огњен и Дарко Даскалов: Корекцијата на носот доверете ја на докажани доктори

Во разговор со д-р Огњен и Дарко Даскалов зборувавме за ринопластиката, како една од интервенциите која е барана од голем број на пациенти. Во нивната приватна клиника за пластична, реконструктивна и естетска хирургија се изведуваат различни зафати.

Ординацијата е лоцирана на ул. „Владимир Назор“ бр.23, во Козле, а сите заинтересирани можат да ги контактираат на социјалните мрежи (Facebook/Instagram) или на 2 3176-268 и 071260928.

Д-р Даскалов, може ли подетално за ринопластиката? Што е ринопластика?

- Ринопластика претставува естетска корекција на големината и обликот на носот (преширок нос, симнат врв, седласт нос и сл.) како и функционална односно поправка на дишењето, девијацијата на носната преграда поради скршеници на назалните коски, искривен септум, хипертрофија на носните школки, синуси и др.

Дали ринопластиката е козметичка или реконструктивна?

- Таа може да биде само естетска или козметичка и тогаш самата интервенција е далеку полесна технички за изведување. Најчесто се прави кај помладата популација која точно знае што најмногу им пречи на нивниот физички изглед, а може да биде и реконструктивна, кога се работи за потешки случаи при конгенитални (вродени) аномалии, како расцеп на уста и др.

Естетски зафат

Каква е Вашата филозофија за ринопластиката?

- Ние, на нашата клиника секогаш се стремиме и ги советуваме пациентите кон што повеќе природен изглед на носот. Целта е да изберат „модел“ на нос, на пример од некој друг пациент кој нѐ препорачал или почесто некоја славна личност која ќе одговара на нивниот лик. Секако дека секојдневно слушаме некои нереални идеи, кои не секогаш е лесно да се убеди пациентот дека во неговиот случај таа идеја не е изводлива. Но, на крајот наоѓаме компромисно решение.

Која е разликата меѓу „отворена“ и „затворена” ринопластика?

- Кај затворената метода, интервенцијата се изведува преку носните отвори, така што нема никакви резови кои ќе се гледаат од надвор. Кај отворената метода, резот оди на долната страна на колумелата и можно е малку да се познава резот во иднина. Ние на нашата клиника работиме најчесто затворен тип на ринопластика.

Дали може да се подобри дишењето со овој зафат?

- Тогаш станува збор за риносептопластика и овој тип на интервенција е зафатен во повеќе од 60% од случаите, најчесто е предизвикано од некаква траума на носот, конгенитална етиологија, а има и случаи кај кои пациентите не се сеќаваат како настанала. Тие даваат информација дека имаат проблеми со дишењето, често затнати синуси, главоболки, континуирано користат капки и спрееви за нос, кои за жал се со краткотраен ефект.

Каде ги изведувате овие операции?

- Овие операции, како и другите за кои е потребно хоспитализирање ги изведуваме во болницата „Ремедика“.

Естетски зафат

Дали се останува во болница после операцијата и колку долго?

- Во болница се останува 24 часа. Првата контрола е третиот/четвртиот ден после операцијата. Алуминиумската плочка се вади десеттиот ден од зафатот.

Колку трае самиот зафат?

- Зафатот се изведува во општа анестезија. Истиот е во времетрање помеѓу час и половина и два часа.

Каков е процесот на закрепнување?

- По хируршкиот третман, пациентот носи тампони во носот кои се вадат после четвртиот/петиот ден и алуминиумска плочка која се лепи на кожата за подобра имобилизација и побрзо заздравување на коските, која пациентот треба да ја носи 10 дена. Присутни се лесни отоци во првите 2 месеца од интервенција, околу врвот и коските на носот, поврзани со опсежноста на самата интервенција.

Кои процедури најчесто ги изведувате?

- Најчесто правиме риносептопластика и зголемување на гради.

Естетски зафат

За лица кои веќе направиле една операција и не се задоволни од крајниот резултат, дали може да се поправи грешката?

- Тогаш станува збор за секундарна риносептопластика, која за жал е многу зачестена во последно време. Таа се должи на операции кај недоволно искусни тимови и болници кои се промовираат од странство кај нас. За жал, цената е многу пониска, но пациентите не знаат кој доктор ги оперира, па кога ќе има некакви компликации не можат ни да стапат во контакт со нив и доаѓаат кај нас. Наш совет е да се оди кај доктори кои ќе покажат слики од носови, од претходни интервенции (ефект на „пред“ и „потоа“), докажани и некој што овој тип на операции ги работи често, зошто секогаш секоја секундарна операција, особено на нос е дополнителен ризик и предизвик за секој хирург.

Дали може да се направи уште една козметичка операција во исто време со операцијата?

- Секако дека може, доколку се работи за помалку инвазивна интервенција. Но, тоа е поретко и секако дека времето за закрепнување и враќањето на секојдневните активности се пролонгира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.