Почетна » Новости » Актуелно » Д-р Катерина Адамова: Сакам да бидам во постојан контакт со моите пациенти и да ја следам нивната состојба

Д-р Катерина Адамова: Сакам да бидам во постојан контакт со моите пациенти и да ја следам нивната состојба

Иднината на менаџментот на дијабетес е дигитална

„Многу мои пациенти со дијабетес веќе користат апликации за дигитален менаџмент на дијабетесот, а сите предности на дигиталното управувње со болеста особено се истакнаа, и се во центар на вниманието во услови на пандемијата, која за жал сè уште трае“ – вели д-р Катерина Адамова ендокринолог, и сподели едно од своите искуства: „Имам 23 годишен пациент кому дијабетесот тип 1 му бил дијагностициран на десетгодишна возраст.

Д-р Катерина Адамова

„Денес, самостојното следење на гликемијата е далеку поедноставно отколку во минатото. Пациентот, со помош на модерен дигитален глукометар ги користи бенефитите од дигиталниот менаџмент на дијабетесот: во својот паметен телефон ја користи апликацијата за следење на гликемијата, во која веднаш ги префрлува измерените вредности од глукометарот, и тоа не само нивото на шеќерот во крвта, туку и внесените податоци за инсулинската терапија, податоци за оброците, како и за физичката активност секој ден. Со оглед на тоа дека денес мобилните телефони постојано ни се на дофат, целиот процес е краткотраен и со еден клик сите податоци веќе се кај мене на увид. За разлика од денес, порано измерените вредности од глукометарот пациентот морал рачно да ги запишува во ткн. дневник на самоконтрола, и со тој дневник да оди на редовни контроли кај својот лекар. Верувајте, сите пациенти ќе ви потврдат дека ова беше најдосадната работа. Денес со помош на дигиталниот глукометар тој не е обврзан да доаѓа во болница за да извршиме редовна лекарска контрола, за да јас имам увид во гликемијата во неговиот организам“, раскажува Д-р Катерина Адамова, и истакнува дека ова е особено важно кога станува збор за помали деца кои мораат да ја следат гликемијата додека се во училиште – со оваа апликација и родителите преку порака или преку пристап на самата апликација постојано се во тек со вредностите на гликемијата.

Пандемијата имаше позитивен импакт на дигитализацијата на медицината

Технолошките достигнувања во медицинската и фармацевтската наука постојано се унапредуваат и нудат паметни решенија, со чија помош сите луѓе со дијабетес можат да водат сосема нормален живот, најмногу во поглед на менаџирањето на болеста.

„Дигиталните глукометри кај нас одамна се користат за следење на гликемијата во организмот, а новитет е дигиталното менаџирање на дијабетесот. Користењето на апликациите и платформите е многу едноставно – глукометарот преку bluetooth бргу ги пренесува измерените вредности во апликацијата која се наоѓа во мобилниот телефон или на платформата во компјутерот, кои поседуваат можности за внесување на мноштво параметри како внес на доза на инсулин, информации за оброците, за физичките активности и др. и истите се веднаш достапни и за лекарот“ - појаснува Д-р Катерина Адамова.

Д-р Катерина Адамова

Меѓу предностите, пациентот го нагласува побрзиот и подобар увид во контролата на болеста, не само за лицето со дијабетес, туку и за лекарот и воспоставување на постојана комуникација со него – нешто што е од огромна важност во последниве нецели две години кога здравствениот систем сè уште мора да се реорганизира поради пандемијата. Ова особено им пружа чувство на сигурност на лицата со дијабетес, поради постојаната лекарска контрола која се врши на далечина и соодветно коригирана терапија кога тоа е потребно. Доколку адекватно се применува, дигиталниот менаџмент на дијабетесот дефинитивно го олеснува животот на лицата со дијабетес.

Во светот постојат различни решенија на апарати за мерење на шеќерот во крвта (глукометри) кои во својата меморија зачувуваат податоци дури и до 800 мерења, покажуваат просечни вредности на гликемија во временски опсег до 90 дена, компатибилни се со паметните уредии имаат лесна безжична синхронизација со апликацијата во паметниот телефон, содржат аларм за хипогликемија, хипергликемија и др. потсетници, имаат можности за следење на времето за оброци, за внесена доза на инсулин, за физички активности, и уште многу други корисни карактеристики кои придонесуваат за адекватно и успешно менаџирање на дијабетесот. Со компактен дизајн и едноставност при користењето, поседуваат и напредни решенија за осветлување на мониторите за да можат глукометрите да се користат и во услови на минимална светлина. Некои од овие апарати се достапни и во нашите аптеки, а некои пациентите ги набавуваат од странство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11253 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.