Почетна » Новости » Актуелно » Големо отворање на KMALL трговски центар во општина Ѓорче Петров

Големо отворање на KMALL трговски центар во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров на 15 декември добива нов модерен KMALL трговски центар, на атрактивна локација веднаш до општината. Отворањето е закажано во 17 часот со започнување на Божиќен базар и богата програма со музички изведувачи, диџеј, аниматори, шоу со маскоти и големи попусти од најпознатите брендови како и многу други изненадувања за сите посетители.

KMALL

КМALL е спој на модерна архитектура и атрактивни содржини прилагодени на потребите на современиот животен стил. За незаборавно шопинг искуство засега се задолжени КАМ, Sport Reality, Sinsay, Office plus, LL Gourmet, Sara Fashion, Premio optics, a во план се и многу нови содржини и брендови како Зегин, Авиатор итн.

Со самото отворање на трговскиот центар се отвораат и 200 нови работни места, кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот и разнвидни услуги за посетителите. Трговскиот центар е распределен на неколку нивоа со 240 паркинг-места, четири нивоа простории за изнајмување и три нивоа за административни и канцелариски капацитети.

- Нашата цел е овој простор да стане вистинско срце на општината каде секој посетител ќе најде свое катче и простор за пазарување, релаксација и ќе мине убави моменти. Една вистинска мала оаза за забава и за опуштање што ни беше главна мисија уште од самиот почеток. Спој на модерна архитектура веднаш до паркот со доволно места за паркинг каде потрошувачите ќе влезат и излезат задоволни од поминатото време. Ова е само почеток и константно размислуваме уште отсега како целиот простор уште повеќе да го надградиме и подобриме со нови брендови, но и со нови и креативни идеи – посочуваат од „Кам Имобилиен”.

Трговскиот центар почна да се гради во 2015 година и помина повеќе фази на изградба со цел да се изгради урбан објект кој ќе биде од корист за жителите на Ѓорче Петров. Севкупно станува збор за простор од 21.000 квадратни метри, а околу трговскиот има пристапни улици кои што се поврзуваат со општината и паркот. Станува збор за инвестиција на фирмата за недвижности „Кам Имобилиен“ дел од Камчев Груп.

KMALL

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11217 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.