Почетна » Новости » Актуелно » „Ги гледаше како херои“: Македонка со трогателна порака за нејзината сестра која почина од рак

„Ги гледаше како херои“: Македонка со трогателна порака за нејзината сестра која почина од рак

По избивањето на скандалот за криминалните дејствија кои изминативе години наводно се случувале на Клиниката за онкологија, многу наши сограѓани одлучија да ги споделат нивните потресни искуства.

Ивана Мојсовска, чија сестра Ана почина по кратко боледување од рак, објави трогателен статус со порака за овој случај.

Пред две години, сестра ми Ана која боледуваше од многу редок тип на канцер сакаше да напише писмо до докторите и сестрите на онкологија и да им се заблагодари на, ако воопшто може да се нарече, „убавиот” третман која таа го доби од нив во последните месеци од нејзиниот живот. Ги гледаше како херои, им се восхитуваше на хуманоста и да можеше да им ја даде и малку онаа сила која беше останата во неа, ќе им ја дадеше во знак на почит за сè она што тие го пожртвуваа за пациентите во времето на Ковид пандемијата додека и самата таа се лечеше од рак.

Ана се разболе во ноември 2020та година, а почина во април наредната година на нејзини 30 години.

Ана почина во страшна агонија, а јас и мојата фамилија еве веќе две години се учиме како се живее со пола душа и срце и се помиривме дека навистина спас немало за ѓаволот со кој се боревме.

Денес, после две години мајка ми ми го праќа линкот за случајот Онкологија каде се вели дека лековите кои биле наменети за пациентите од рак се продавале на црн пазар во Косово а во замена тие добивале обичен физиолошки раствор.

Епа јас писмо нема да Ви напишам, ами животот ќе ви го посветам за секоја клетка да ви ја отрујам, животињи крволочни!!!!

Искрено сочувство до секој оној кој за жал сè уште не најде начин да избега од оваа краста од држава!

И мајката на Ана, Дејана Новаковиќ, се огласи со емотивен статус.

„Пред две и пол години, ќерка ми се лекуваше на Клиника за онкологија. Мислевме дека се лекува, тие ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, тие со ‘терапијата’ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како сè што се заташкува во скапаната држава. Ќе активирам сè што е во моја моќ и Ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите. Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен! Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого убивте и да ве прогонува како сенка. Мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“ – стои во описот на фотографијата од покојната Ана.

Викторија Лоба ја сподели објавата на Ивана, а потоа откри дека Ана ѝ била соученичка во средно училиште.

Мојсовска Мојсовска

Имено, на Клиниката за онкологија на дел од пациентите не им се давала, или им се давала половична терапија, без нивно знаење, а скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

Медицински лица краделе ампули со цитостатици за нелегално да ги препродадат и да „заработат“ пари.

Наместо соодветна терапија, на пациентите им бил даван физиолошки раствор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.