Војвотката Кетрин и принцот Вилијам денеска посетија фарма во Североисточна Англија.
Кралскиот пар поразговара со семејството кое ја води фармата, ги разгледа објектите каде се одгледуваат животните и накратко возеше трактор.
39-годишната Војвотка беше облечена соодветно на пригодата. Темните фармерки таа ги искомбинира со џемпер од брендот Brora и со чизми Penelope Chilvers.










И кралицата Елизабета денес им се врати на работните обврски по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип. 95-годишната Кралица одржа виртуелен прием на амбасадорки.

