Почетна » Новости » Актуелно » Восхитувачки: „Везилка“ со гласот на Блаже Конески на Светскиот ден на поезијата

Восхитувачки: „Везилка“ со гласот на Блаже Конески на Светскиот ден на поезијата

Денес се слави Светскиот ден на поезијата. По тој повод, Зоран Заев сподели видео со гласот на големиот Блаже Конески и неговата величествена „Везилка“.

Официјално, во нашата држава, 2021 е година во чест на Блаже Конески, со цел одбележување на стогодишнината од неговото раѓање. 19 декември, денот на кој се родил овој исклучителен културен деец, е запишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на оваа година.

„Оваа година УНЕСКО во својот календар за одбележување на значајни настани, личности и годишнини, ја вклучи 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески. УНЕСКО и светот го чествуваат нашиот поетски џин од Небрегово, ние на светот денеска му ја даруваме „Везилка“ со гласот на Конески како уште еден придонес за глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура. Понесен од поривот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет“ – порача Заев.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, соопшти: „Светски ден на поезијата. Оваа година од особено значење за нас зашто заедно со УНЕСКО ја чествуваме 100 годишнината од раѓањето на големиот Блаже Конески. Утре во Париз, во седиштето на УНЕСКО, во 16 ч., ја враќаме некогашната традиција за одбележување на Светскиот ден на поезијата и соопштување на добитникот на Златниот венец на СВП. Настанот е дел од Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески“.

Славејќи го Светскиот ден на поезијата на 21 март, УНЕСКО ѝ дава признание на уникатната способност на поезијата да го долови креативниот дух на човечкиот ум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.