Почетна » Новости » Актуелно » Волонтерска акција на вработени во Нептун за поддршка на младинците од СОС Детско село

Волонтерска акција на вработени во Нептун за поддршка на младинците од СОС Детско село

13.09.2021 Скопје – Секој од нас може да направи промена, бидејќи волонтирањето и помагањето на другите е во сржта на секое човечко битие.

Водени од оваа мисла вработените од Нептун Македонија организираа акција во рамките на која помогнаа да се молериса една од куќите каде што се сместени младинците поддржани од СОС Детско село. Во пријатна атмосфера и преубаво дружење младинците и вработените на Нептун Македонија ја потврдија мисијата - Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

Вредните волонтери од Нептун Македонија беа дочекани од младите домаќини со вкусен појадок како најава на еден убав ден исполнет со позитивна енергија на претек. Со одлична дружба, забава и заедничка работа успеавме просторот да го разубавме и освежиме и заедно да им посакаме на младинците успешен старт на учебната година.

Активностите во рамките на стратешката соработка помеѓу Нептун Македонија СОС Детско село продолжуваат. Ајде да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Акција на Нептун Акција на Нептун Акција на Нептун Акција на Нептун Акција на Нептун Акција на Нептун Акција на Нептун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.