Почетна » Новости » Актуелно » Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници

Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници

(Прилеп, 26.04.2021) – Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19. Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на Велигденските празници доби по пакет производи од Витаминка и пакет масло Брилијант. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата.

Витаминка Витаминка

„Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста а истовремено се единствените што можат да ја дадат негата за болните од Ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка, својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажува благодарноста за нивната работа и пожртвуваност“, велат од Витаминка.

Од почетокот на пандемијата Витаминка три пати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19, а во повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија.

Витаминка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11448 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.