Почетна » Новости » Актуелно » Вистински херои: Пожарникари спасија 22 деца од поплавена градинка во Словенија

Вистински херои: Пожарникари спасија 22 деца од поплавена градинка во Словенија

Големо невреме зафати делови од Словенија, меѓу кои и градот Менгеш. Сите единици за спасување беа на терен за да им помагаат на оние лица кои беа во опасност.

Пожарникари-доброволци спасија 22 деца заглавени во поплавената детска градинка „Гобич“, а драматичните фотографии од овој момент го обиколија регионот.

На нив, добродушните мажи ги носат в раце децата завиткани во ќебиња.

Пожарникари спасуваат деца Пожарникари спасуваат деца

„Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца во објектот Сончек“, стои во описот на фотографиите кои беа објавени на Facebook oд противпожарната единица.

„Словенија треба да биде горда на нашите пожарникари! Херои“, „Респект јунаци“ и „Поклон до земја од срце“ – се дел од коментарите.

„Ви благодарам момци, ова дете на фотографијата е мое“ – напиша еден родител.

Пожарникари спасуваат деца Пожарникари спасуваат деца Пожарникари спасуваат деца Пожарникари спасуваат деца Пожарникари спасуваат деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.