Почетна » Новости » Актуелно » Високи бројки: 1.293 новозаразени и 24 починати од коронавирус

Високи бројки: 1.293 новозаразени и 24 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.094 тестирања, а има 1.293 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 626
  • Прилеп 88
  • Велес 60
  • Гостивар, Кавадарци и Битола по 48
  • Тетово 46
  • Штип 41
  • Неготино 36
  • Охрид 34
  • Струмица 33
  • Куманово 28
  • Кочани 23
  • Радовиш 18
  • Гевгелија 17
  • Пробиштип 12
  • Валандово и Демир Капија по 11
  • Кичево 10
  • Делчево 9
  • Струга, Крива Паланка и Берово по 8
  • Крушево 6
  • Ресен 5
  • Богданци 4
  • Свети Николе 3
  • Дебар, Виница, Пехчево и Дојран по 1
податоци

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 до 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, 2 од Прилеп и по еден од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:

  • Скопје 220
  • Прилеп 25
  • Гевгелија 14
  • Тетово и Велес по 9
  • Куманово 8
  • Гостивар 7
  • Струмица 6
  • Крива Паланка и Богданци по 5
  • Штип и Битола по 4
  • Кичево, Берово и Демир Хисар по 3
  • Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница по 2
  • Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово по 1 лице

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.