Почетна » Новости » Актуелно » В петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол!

В петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол!

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Под слоганот Winter Wonders, вашиот креативен мол, Ви подготви програма која е чудесна за сите генерации.

Овој петок во 18:30 часот единствена и уникатна можност ќе имаат посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледа осветлување на светилките од џиновската Новогодишната елка на омилениот трговски центар.

Skopje City Mall

Шоуто ќе започне со мјузикл изведен од групата Триангл, а посетителите ќе уживаат во празничната магија и атмосфера која се создава.

Елката, која е единствена по својата убавина, е висока 15 метри, накитена е со голем број на лампиони и светилки. Секој посетител може да ја погледне на влезот од страната на Карпош 3.

Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите.

Скопје Сити Мол нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани. Од овој викенд започна „Winter Wonders“ – која ќе трае од 1ви декември до 31 декември и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави надополено со омилените Новогодишни попусти.

Една од најбараните атракции се 6-те поставки со дигитални екрани, каде најмалите може да влезат во светот на виртуелната реалност, да цртаат цртежи кои ќе ги оживеат на екранот и да доживеат многу други незаменливи и магични искуства.

Оваа година, Скопје Сити Мол повторно застанува и на страната на социјално загрозените, па така, сите средства од картите за претставите на City Theatre одат во хуманитарни цели. Се работи за новогодишни претстави, секоја недела во 11.45 часот, кои се одржуваат во салите на Cineplexx.

Забавата за деца не завршува тука, бидејќи за време на викендот во 11:00 часот Дедо Мраз доаѓа во фоајето на Cineplexx за заедно да појадува со дечињата. Доживување кое се раскажува со месеци! Најмалите ги очекуваат и разни работилници секоја сабота во 12:00 часот и останати организирани активности кои ќе го доближат празничниот дух до целото семејство.

За возрасните тука се забавните матинеа во молот, исполнети со музички настапи на фантастични домашни изведувачи, но се разбира и продавниците во кои се започнати дел од празничните намалувања и понуди.

Следете ја редовно програмата за овој декември на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм на Skopje City Mall.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11247 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.