Почетна » Новости » Актуелно » Браво! Македонски средношколци освоија четири медали на математичка олимпијада во Јапонија

Браво! Македонски средношколци освоија четири медали на математичка олимпијада во Јапонија

Македонските претставници постигнаа големи успеси на 64-тата Интернационална математичка олимпијада во Јапонија.

На престижниот математички натпревар нашите средношколци освоија четири медали и две пофалници.

Дамјан Давков се закити со златен медал, Алексиј Тасиќ освои сребро, а Никола Цветаноски и Никола Спировски си заминаа со бронзени медали. Пофалници им беа доделени на Јан Стојановски и Бранко Јангеловски.

Македонски математичари

Успесите на македонската репрезентација ги објавија од Сојузот на математичари на Македонија. Прочитајте го нивниот пост:

Ни претставува особена чест да објавиме дека на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)

АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)

НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)

НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)

ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)

БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!

Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!

И Претседателот Стево Пендаровски им честиташе и им посака уште поголеми успеси на талентираните математичари.

„Честитки за исклучителниот успех на македонскиот тим кој освои еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници на 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта која се одржа во Јапонија. Ви посакувам уште многу успеси во иднина!“ – стои во неговата објава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.