Почетна » Новости » Актуелно » БИТ ФЕСТ 2023 започнува со спектактуларниот настан „Вива Верди“ на Камерен Оркестар на Битола

БИТ ФЕСТ 2023 започнува со спектактуларниот настан „Вива Верди“ на Камерен Оркестар на Битола

Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“.

Настанот е во организација на општина Битола и Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect и на истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.

Концерт на Камерниот оркестар на Битола

Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор, и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски. Покрај музика за душа, посетителите на концертот може да очекуваат и дополнителни изненадувања кои ќе го означат почетокот на овогодинешното културно лето во Битола.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на Центар за култура – Битола, по цена од 300 денари.

Се гледаме на концерт!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.