Почетна » Новости » Актуелно » „Без оглед на разликите, сите сме исти“: Првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром настапи во Скопје

„Без оглед на разликите, сите сме исти“: Првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром настапи во Скопје

Здружението за поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ го формира првиот инклузивен градски хор.

Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Оли, Ники, Бети, Даре и Коста пред неколку дена го имаа првиот настап во Скопје.

„Неправда“, „Не стој Доне, Донке“, „Чукни во дрво“ и „Лидуду“ беа дел од песните кои ги пееше хорот за да ја зголеми свеста и да се бори за нивна инклузија.

„Без оглед на разликите, сите сме исти. И сите имаме иста цел во животот. Во месецот на љубовта, среќата, насмевките, успеавме да ги надминеме предрасудите и да го формираме ПРВИОТ ИНКЛУЗИВЕН ГРАДСКИ ХОР и покажавме дека музиката е една од основните алатки за инклузија во општеството. Ние од ТРИСОМИЈА 21 со ментор Билјана Димитрова свириме, пееме, танцуваме, даруваме љуов, а со песната ви ја топлиме душата, го тoпиме секое срце и изнудуваме громогласен аплауз“ – пишуваат на официјалниот Facebook профил од Здружението.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11482 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.