Почетна » Новости » Актуелно » „Алкалоид“ стана генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација

„Алкалоид“ стана генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација

Спортот во „Алкалоид“ има долга историја и богата традиција. Децении наназад, компанијата помагала и помага разни ентитети на клупско, репрезентативно и индивидуално ниво во бројни спортови, како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање, борење, алпинизам и други.

Скоро 47 години, во рамки на компанијата функционира шаховскиот клуб „Алкалоид“ кој важи за еден од најдобрите европски клубови, а од неодамна отпочна со работа и ракометниот клуб „Алкалоид”, со амбициозна програма посветена на развој на млади македонски ракометни таленти.

Алкалоид и Македонската таеквондо федерација Алкалоид и Македонската таеквондо федерација

Согледувајќи ги потенцијалите и сериозната посветеност на работењето на Македонската таеквондо федерација, „Алкалоид“ АД Скопје одлучи да даде сериозна поддршка во финансиски средства и останати логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година. Во тој контекст „Алкалоид“ ја официјализираше новата соработка како генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација, во присуство на спортската јавност.

На одржаната прес-конференија во х. „Double Tree by Hilton“ Скопје, договорот за соработка го потпишаа Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов и Претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски. Меѓу присутните учесници беше и репрезентативецот на МФТ и член на ТК „Бутел“, Дејан Георгиевски, кој националниот олимписки сон го претвори во реалност и заедно со својот тренерски тим е заслужен за одликувањето на македонското таеквондо со престижен сребрен медал..

Алкалоид и Македонската таеквондо федерација

Македонско таеквондо, како еден трофеен сегмент од поновата спортска историја, последниве години успева да задржи еден солиден резултатски континуитет. Начнувајќи ја оваа предолимписка година, Македонската таеквондо федерација е фокусирана на добивање уште една олимписка виза, а паралелно со тоа, посветено работи и на развој на овој спорт на сите генерациски нивоа.

Алкалоид и Македонската таеквондо федерација Алкалоид и Македонската таеквондо федерација

За „трка“ без препреки за учество на ЛОИ 2024 во Париз, притоа базирајќи се на досегашниот резултатски контнуум на македонското таеквондо, „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија со силно изразена стратешка определба за поддршка во сите сфери од општествениот, спортскиот, образовниот, здравствениот и културниот живот во Македонија, рамо до рамо со федерацијата ќе даде поддршка во борбата за освојување нова олимписка гордост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.