Почетна » Новости » Актуелно » Алвин Аличевиќ ја напушта позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Алвин Аличевиќ ја напушта позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

На 5.10.2023, по повеќе од 6 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Алвин Аличевиќ одлучи да прифати нови предизвици и да ја продолжи својата кариера надвор од Шпаркасе Групацијата.

За време на неговиот ангажман, настојуваше позитивното долгогодишно искуство стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесе и да го примени во секојдневното работење во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Алвин Аличевиќ

„Мојaта досегашна работна кариера ја посветив на зајакнување на позиционираноста на Шпаркасе Банка АД Скопје, но исто така и на дигитализација на Банката и градење силен посветен тим. Заедно, успешно ја завршивме интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка АД Скопје и многу успешно ја позициониравме Шпаркасе Банка на пазарот“ - изјави тој.

Шпаркасе Банка му благодари за досегашниот ангажман и му посакува понатамошен професионален успех и богата кариера.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.